Целата учебна година ќе се одвива на ист начин. Засега не се размислува на промена на моделот по кој учениците ќе ја следат наставата. Министерката за образование Мила Царовска вели дека се ќе зависи од тоа како се развива ситуацијата со пандемијата.
„Наставниците ги стекнаа потребните вештини, а учениците пак стекнаа навика за присуство на онлајн настава. За еден месец постигнувањата се добри. Предизвици постојат, но ме радува што се постигна континуитет во наставата и што и родителите и учениците ја чувствуваат разликата од оној период кога немаше никаков тип онлајн настава“ истакна министерката, додавајќи дека Државниот просветен инспекторат проверува дали се доставуваат материјалите кај оние деца што следат настава од далечина преку телевизија, бидејќи до 20 ноември ќе треба да се формираат првите оценки кај учениците.