ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: За 18 отсто зголемен бројот на ученици кои следат онлајн настава

October 27, 2020 13:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од стартот на учебната година до денес за 18 проценти се зголеми бројот на ученици кои следат онлајн настава, соопшти денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Според Царовска, наставниците ги стекнаа потребните вештини, а учениците навиките и онлајн наставата се одвива солидно. За еден месец постигувањата се добри, до 20 ноември ќе треба да се формираат и првите оценки.

Упатствата за формирање оценки за првото тримесечие, потсети министерката, се веќе испратени до наставниците и директорите, што беше и јавно објавено. Онаму каде што ќе има предизвик во формирањето на оценката за онлајн и следење настава на далечина, ученикот ќе може да се повика на индивидуална средба за поквалитетно потврдување на нивото на неговото знаење.

-Тогаш ќе ги видиме предизвиците. Затоа сме во дневна комуникација и со директорите и со градоначалниците, за да може што поквалитетно да се постави овој систем. Предизвици постојат, но ме радува што се постигна континуитет во наставата и што и родителите и учениците ја чувствуваат разликата од оној период кога немаше никаков тип онлајн настава, истакна Царовска, одговорајќи на ноивнарски прашања по презентацијата на резултатите од Јавниот повик на ФИТР за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери.

Царовска смета дека веќе утврдениот начин на настава треба да остане и да се одржи до крајот на школската година. За ротирање ученици на една недела ќе се размислуваше ако состојбата, како што рече, останеше на ниво на 1 октомври и ако се намалуваше бројот на новозаразени, што не е случај.

За децата кои следат настава од далечина, преку телевизија, министерката информира дека Државниот просветен инспекторат проверува дали до нив се доставуваат материјалите.

-Резултатите што ги добив досега се позитивни. Вчера попладне беше испратена апликација до сите училишта да одговорат на кои начини и колку редовно се во комуникација со учениците кои следат настава од далечина, преку телевизор, напомена Царовска.

Во однос на ситуацијата со корона вирусот, информира дека кај 0,06 проценти од вкупниот број  ученици има позитивни случаи и кај 0,58 отсто од наставниците. Во реални бројки, се работи за 40 ученици и 52 вработени – наставен и останат кадар во школите.

-Ова е бројка што се појавува и заради зголемувањето на бројот na новозаразени во државата. Но, ситуацијата е стабилна, потоколите се почтиуваат и имлементираат. Затоа и нема рапидно зголемување на бројката кај наставата со физичко присуство, подвлече Царовска.

Next Post

На Инфективна во Скопје почина 41-годишниот Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk