ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО МУЛТИКУЛТУРА

Шахпаска: Работиме за целосна интеграција на Ромите во општеството (ВИДЕО)

October 27, 2020 16:21
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на министерскиот состанок „Интеграција на Ромите“ во Тирана, Република Албанија. Таа преку видеообраќање ги пренесе главните пораки поврзани со темата на министерскиот состанок.

-Република Северна Македонија е дел од Меѓународната иницијатива Декада за вклучување на Ромите 2005-2015, со цел намалување на јазот помеѓу Ромите и другите заедници преку креирање на посебни политики, стратегии, програми за нивна целосна интеграција во општеството, а со поддршка на Светска Банка и Фондацијата Отворено Општество. Концептот Едно општество за сите значи вклучување на сите граѓани во креирањето на политиките и носење на одлуки кои обезбедуваат еднакви можности за личен развој и напредок, меѓутоа и создавање на општество кое интегрира, а не создава поделби, истакна министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека Владата преку ресорните министерства имплементира проекти и подготвува законски решенија во решавањето на проблемите и постигнувањето на одредени цели како што се: образованието, вработувањето, усвојувањето на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени, пилот проектот за Интеграција на Ромите 2020 којшто во моментов се имплементира во Р.С. Македонија. Освен тоа, министерката додаде дека е предвидена и подготовка на Методологија за воспоставување на соодветен механизам за следење и известување за политиките за интеграција на Ромите, преку политики за следење на достигнувањата дефинирани во Декларацијата, со вклучување на Државниот завод за статистика.

-Република Северна Македонија е прва земја во регионот во која ќе се подготвува ваква Методологија која треба да биде во согласност со Декларацијата за Интеграција на Ромите, идентификуваните индикатори од страна на релевантните институции во согласност со Националната Контакт точка и Националната Стратегија за Ромите. Дополнително, оваа методологија ќе биде во согласност со Истражувањето за Роми кое го спроведува Европската агенција за основни права во земји членки на ЕУ, но и во Северна Македонија и Србија, рече министерката Шахпаска.

Министерскиот состанок во Тирана, го отворија албанскиот премиер Еди Рама, европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.

Ресорните министри задолжени за интеграција на Ромите во економиите на Западен Балкан разговараа за напредокот постигнат по повеќе од една година од усвојувањето на Декларацијата за интеграција на Ромите усвоена на самитот во Познан.

 

Next Post

Официјално: Одложен е ракометниот натпревар ПСЖ – Вардар

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk