ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

УКИМ со најмногу одобрени проекти на Повикот за иновациски ваучери

October 27, 2020 14:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 34 проекти се одобрени и ќе се реализираат со средствата од Јавниот повик за иновациски ваучери кој беше отворен од 1 до 14 октомври годинава. Проектираните 15 милиони денари ќе ги добијат УКИМ, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Како што беше речено денеска на Машинскиот факултет каде беа презентирани резултатите од Јавниот повик, до надлежната Комисија во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) пристигнале вкупно 71 проект од кои 55 влегле во фаза на разгледување, а 16 биле оценети како неподобни по различни основи.

Според директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, согласно Повикот, средствата нема да завршат кај компаниите, туку ќе им бидат исплатени на државните високо-образовни институции, а тие потоа, на компаниите ќе им дадат соодветни услуги.

На Повикот доминира УКИМ со одобрени 23 проекти и кај него одат 10,7 милиони денари, кај УГД ќе завршат 2,6 милиони денари, додека Битолскиот добива нешто помалку од еден милион денари. Од Универзитетот во Тетово немало апликација.

-Од денеска почнува реализација на 34 проекти во кои директно соработуваат домашни компаниi и државни високо-образовни иституции. Во рамки на ФИТР има голем број вакви соработки, но главно на индивидуална основа, не институционализирана, односно без целосно, системско вклучување на факултетите. Многу е важно што овој инструмент директно ги насочува средствата од државата за економски раст кон универзитетите. Тие ќе располагаат со овие средства од кои, се надевам, дел ќе завршат во набавка на нови лаборатории, стручно усовршување на кадарот и научно-истражувачката дејност, истакна Деспотовски.

Овој повик, дополни, беше пилот-проект, но поради големиот интерес од академската заедница и од деловниот сектор, веќе се изготвува нов инструмент за поддршка.

-Уште еднаш ја потврдуваме владината заложба за повеќе инвестиции во науката. Првпат, на поинаков, поорганизиран начин ја поврзуваме академијата со реалниот сектор. Оние што сега ќе може да ги искористат иновациските ваучери ќе покажат дека ако инвестираме во нашите науни институции, можеме да постигнеме и државен развој. Од 2021 година процентот на инвестиции од БДП во науката, сакаме значително да се зголеми токму преку вакви двонасочни комуникации и координации меѓу двата сектора, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Деканот на Машинскиот факултет, Дарко Данев, ги повика своите коелги од научната фела да се охрабрат и да соработуваат со индустријата. Нема, рече, развој без инвестиции, а иневстициите најчесто потекнуват од компаниите.

-Овој чин навестува дека овде се оние кои најмногу иновираат, на кои им е отворен патот за соработка со индустријата. Но, не секогаш иновациите се во инженерските науки, има многу простор и во природно-математичките, здравството, биотехничките струки, општествените, во сферата на уметноста. Сакам да ги охрабрам сите колеги од академската заедници да соработуваат со индустријата. На тој начин, сите добиваат – бизнисот решенија, ние иновација, а студентите учат, напомена Данев и додаде дека е за пофалба тоа што државата прави повторен обид да ја зајакне релацијата меѓу науката и бизнисот.

Next Post
фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Скопје со најголем број на регистрирани и највисока неделна инциденца - и натаму најголем дел од регистрираните на возраст од 30-39

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk