ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Пандов со контра-протест ќе го брани Мицкоски од Јанчев

October 28, 2020 16:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Aктуелниот градоначалник на Кавадарци и претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, доцна синојќа најави мирен протест за смена на Христијан Мицкоски од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, пред седиштето на партијата

Денеска Митко Јанчев во изјава за Фокус, рече дека по консултации со министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски, тие дошле до заеднички став, дека протестот не треба да се одржи во овој кризен период, кога бројките на новозаразени лица со корона вирус, секојдневно се во пораст.

– Се согласувам дека здравјето на граѓаните е на прво место. Се консултирав со Филипче и со Караџоски уште рано утринава, според нивните препораки дека протестот може да го загрози јавното здравје, решив да го одложам истиот. Но, тоа не значи дека отстапуваме од нашата цел, Мицкоски да замине од челната позиција во партијата. Ќе имаме конференции во повеќе градови, еден вид на онлајн протести, бидејќи партијата мора да застане на цврсти нозе – вели Јанчев.

На ФБ се огласи и Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов.

Пандов се закани со организирање на контрапротест во исто време и на исто место како и најавениот претходно протест на Јанчев.

– Ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе!, се закани на ФБ Пандов кон Јанчев.

Аналитичарите на политичките прилики, велат дека тоа што Јанчев го откажа протестот ни малку не ја сокрива внатрешната поделба и постојани конфликти во редовите на опозициската партија. Веднаш по поразот на паралементарните избори во јули, видни членови на партијата јавно го повикаа Мицкоски да си поднесе оставка затоа што лидерот самиот изјавуваше дека ќе замине ако ВМРО-ДПМНЕ претрпи пораз.

Нивните апели за оставка не го примораа Мицкоски да се повлече, но затоа му ја разнишаа позицијата. Сега се чини Јанчев, го задава финалниот удар со најавите дека ќе го соочи лидерот со членството на партијата, кое се чини е револтирано од политиките на Мицкоски и неговиот неуспех да ја консолидира партијата и да и донесе изборна победа. Но, другиот дел од членството, кое важи за блиско до Мицкоски, е подготвено со „жив штит“ да го брани актуелниот лидер и седиштето на партијата, додаваат тие.
Д. Е.

 

Next Post

Позитивен наставник изолира колега и 22 ученици, заболени и три медицински лица во Кавадарци

Shortcut

Најново

Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот билансот расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026
Министрите за земјоделие на Украина и Србија потпишуваат договор за соработка (фото извор: Кабинет на претседателот на Украина)

Како посетата на Зеленски стана пропаганден ресурс за Вучиќ

August 20, 2026

На која планета живее власта?

August 20, 2026

Класична вечер на плоштадот „Скендербег“: Младинскиот оркестар на Западен Балкан го заокружи културното лето во Чаир

August 20, 2026
Меѓународен стрип-салон и конкурс „Велес 2026“

Рекорден број учесници на 23. Меѓународен стрип-конкурс „Велес 2026“: Прогласени најдобрите автори

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk