ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хронологија на настаните во Франција кои доведоа до денешните напади во Ница и Авињон

October 29, 2020 17:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Растечките тензии меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и дел од муслиманите почнаа во првата половина на октомври, на час во Париз, кога професорот Самуел Пати сакаше да им објасни на студентите што значи слобода на изразување покажувајќи им карикатура на пророкот Мухамед, а кулминираше со денешните напади во Ница и Авињон.

Лице, кое слушнало за настанот на часот, сакаше да му се освети на професорот така што му ја отсече главата на 16 октомври, во северозападниот дел на Париз.

Очевидци изјавија дека напаѓачот (18), родум од Чеченија, извикувал „Алах е голем“, а потоа полицијата го ликвидирала.

Реагираа бројни француски политичари, пред сè претседателот Емануел Макрон, кој злосторството го нарече „исламски тероризам“.

Во тој момент, многу муслимански земји се пoчувствуваа навредени затоа што за нив богохулство прикажување на пророкот Мухамед во кој било друг контекст освен религиозен, а меѓу најгласните беше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој повика на бојкот на француската стока, велејќи дека „Макрон мора да оди на преглед на главата “.

Во повеќе земји се одржаа протести против Макрон, меѓу кои и во Бангладеш и Пакистан.

Ситуацијата дополнително “зовре“ вчера, кога сатиричниот весник Шарли Ебдо, кој беше цел на терористички напад во 2015 година, на насловната страна објави навредлива карикатура на Ердоган.

Турција веднаш реагираше и најави тужба против водечките лица на весникот.

Денеска, терорист влезе во базиликата Нотр Дам во Ница и уби три невини лица. Тој извикувал „Алах акбар“ додека ги убивал двете жени и еден маж. На најстарата жртва, жена на возраст од околу 70 години и ја отсече главата, 45-годишен маж е избоден до смрт, а жена на возраст од околу 30 години почина во кафуле близу црквата, кога тешко ранета се обидела да побегне од терористот. Полицијата брзо стаса на местото на настанот, го рани напаѓачот и го одведе во притвор. Освен тројцата убиени, во нападот се повредени уште неколку лица. Турција најостро го осуди нападот.

Во друг инцидент, полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден чуварот на францускиот конзулат.

Француската полиција денеска уапси и радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена јакна и мафтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи друга трагедија.

Next Post

Дерала го потсети Мицкоски на неодговорените прашања и му постави уште едно за говорот на омразата кон заболените од Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk