Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, учевствуваше на Форумот за канабис каде што нагласи дека во овој период најважно е да се демистифицира прашањето за канабисот и преку сеопфатен процес на едукација да се проценат предностите од користењето на ова растение.
Овој форум е доказ дека општеството се демократизира. Дискутираме на тема која и натаму за некого е табу, но сепак е добро што ги разговараме можностите. Едукацијата и демистификацијата се прво на кое треба да се посветиме. Сѐ уште се етикетираат корисниците на канабис како наркомани. Заеднички мораме да работиме на едукацијата, која има здравствен аспект, но и економски, рече Петров и посочи дека целиот процес ќе трае долго, но ако постои политичка волја и посветеност на граѓанските организации може да се успее при тоа потенцирајќи го и економскиот бенефит.
Заеднички да ги дефинираме, прво декриминализацијата, а потоа да дискутираме како ќе оди процесот, кој модел ќе го следиме, дали ќе имаме комбиниран модел, дали како Холандија, Португалија или Италија. Ова е процес што ќе трае, но со добра политичка волја и со фокус на едукацијата ќе ги видиме сите ефекти на канабис. Човечкиот аспект е исто важен, има луѓе кои се корисници и кои биле фатени со еден џоинт, а сега не можат да извадат потврда за неосудуваност затоа што имаат пресуди. Економскиот бенефит не може никој да го негира. Само во Канада влегоа 8.4 милијарди долари, имаше 10.000 вработувања, а црниот пазар падна за 20 отсто, истакна Петров на Форумот за канабис.
Д. Е.