Во периодот од 02.11-06.11.2020 година, со почеток во 11 часот, во просториите на Кинотека на Република Северна Македонија ќе бидат изложени три изложби на документи и фотографии на различни теми.
– „Довидување Скопје-довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во скопје 1963-1964г.“
Автор проф. д-р Марјан Димитријевски, ЈНУ-ИНИ-УКИМ-Скопје.
Изложбата е посветена на патешествието на скопските деца по земјотресот 1963г., нивно сместување, престој во бројни места ширум тогашна СФР Југославија и школувањето на македонски наставен јазик во: Пореч, Цриквеница и Лесковац.
– „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“
Автор проф. д-р Лидија Ѓурковска, ЈНУ-ИНИ-УКИМ-Скопје
Низ фотографии, легенди и текст изложбата зборува за градителската дејност во Скопје на познатиот архитект и градоначалник Јософ Михајловиќ-Јуруковски кој и самиот е автор на бројни познати скопски архитектонски градби.
-„Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“
Автор проф. д-р Габриела Топузвска, ЈНУ-ИНИ-УКИМ-Скопје
Здравството како важен сегмент од секојдневниот живот на повоена Македонска држава е темата на изложбата на фотографии и документи посветени на здравството, здравтсвените институции и здравтвените прилики во оваа време, известуваат од Кинотека.