На социјалните мрежи кружи видео на кое може да се види дека во Подгорица, огромен број народ се простостува од вчера починатиот митрополит Амфилохије. Голем дел од верниците го бакнуваат митрополитот, чиј ковчег е отворен за да може народаот да се прости од него. Она што е спорно е тоа што Амфилиохије почина како последица од ковид-19, и на социјалните мрежи се коментира како може да се бакнува некој кој е носител на вирусот, а меѓу нив има и деца.
Cijepljenje Srba iz Crne Gore protiv koronavirusa. #EKSKLUZIVNO #koronavirus #COVID19 #AmfilohijeRadovic #CrnaGora #Srbija #vaccine #COVIDVaccine #herdimmunity pic.twitter.com/bljjfMc4Uq
— Dotur Luiđi (@DoturLui) October 30, 2020
Митрополитот црногорски и приморски Амфилохије почина во Клиничкиот центар на Црна Гора, а беше објавено и на веб-страницата на Црнагорската митрополија.
Шефот на клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Црна Гора Јелена Бојовиќ изјави дека неговата здравствена состојба нагло се влошила во четвртокот, како резултат на пневмонија предизвикана од коронавирусот.
Илјадници луѓе чекаа пред Храмот на Христовото воскресение во Подгорица со желба да го видат ковчегот со телото на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кое беше предадено денеска од манастирот во Цетиње.