Во текот на вчерашниоѕт дена починале 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.
Претходното деноноќие починале 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г). Сите се починати во болнички услови.
Во четвртокот беа регистрирани 14 починати, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).
Во средата исто така се регистрирани 14 починати, во вторникот 15, во понеделникот исто 15, а во неделата дури 22 починати пациенти.