ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Кол центарот на Владата награден од СИГМА/ОЕЦД за јавна администрација во Западен Балкан

November 6, 2020 15:34
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Владиниот кол центар којшто беше воспоставен во време на техничката Влада во Северна Македонија од Кабинетот на тогашната вицепремиерка за економски прашања Мила Царовска освои награда за јавна администрација во Западен Балкан. Натпреварот го организираа  СИГМА/ОЕЦД и Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА), со цел да им даде признание на институциите од Западен Балкан за важноста, брзината и инвентивниот одговор во време на глобална пандемија во категориите: Дигитална влада, е-Здравје, е- Економија, е-Учење и Социјална иновација. Северна Македонија, Србија и Албанија се наградени во категоријата Дигитална влада.

Сегашната министерка за образование и наука и поранешна вицепремиерка за економски прашања Царовска во обраќањето на денешната церемонија по повод доделувањето на наградите истакна дека Кол центарот беше воспоставен во исклучителни околности кога државата освен што се соочуваше со пандемијата, имаше и техничка Влада.

-Граѓаните и компаниите во услови кога секојдневно се носеа нови мерки и уредби имаа потреба од точно и брзо добивање на информации за сите промени и за поддршката што им ја нуди државата. Ефикасен одговор на овие барања беше воспоставување на Кол центар со агенти од јавната администрација.  Огромна благодарност за бизнис секторот и стопанските комори со чија поддршка го воспоставивме овој центар. Ова е доказ дека синергијата и дијалогот помеѓу државните институции мора да продолжи во интерес на сите граѓани, рече Царовска.

Во функционирањето на контакт центарот беше почитувана препораката за работа од дома. Во работата на кол центарот беа ангажирани 70% од вработените во Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања. Исто така, во одговарањето на повиците се вклучија и вработени од седум други институции.

Од почетокот на работењето, од 6 април до 22 јули, беа реализирани вкупни 10,695 повици. Тој беше правовремена поддршка на граѓаните и компаниите во искористувањето на придобивките на трите пакети економски мерки на Владата. Кол центарот овозможи поедноставно да се реализираат инвестиции во вредност од околу 550 милиони евра или 5,5 отсто од БДП и тоа е неговата неспорна вредност.

Иницијативата за воспоставување на владин кол центар потекна од Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), а беше донација од компанијата Asseco.

Next Post

Од понеделник дополнителни 500 термини на ден за тестови од Ковид-19, најави Филипче

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk