„Доколку постоеше можност, со целата ковид криза и самите финансиски издатоци и ресурси кои би требало да бидат дадени за реализација на овие предвремени градоначалнички избори, никој немаше да размислува доколку имаше форма и можност истите да не се одржат. Бидејки министерот беше назначен на 1 септември до следниот септември е речиси цела година , така да не постојат законски можности како со вршител на должноста ние би можеле да останеме до крајот на регуларните локални избори“, вели Маријана Рогожарска Поповска, претседателка на Совет на Општина Штип во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.
Во пресрет на предвремените локални избори =. предвидени за 13 декември, Рогожарска вели и дека мандатот на лицето кое ќе биде избрано за градоначалник ќе биде до следните регуларни локални избори.
извор: ЦИВИЛ Медиа