ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хаг: Кадри Весели се изјасни дека не е виновен за воени злосторства

November 10, 2020 19:10
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот офицер во ОВК и лидер на Демократската партија на Косово Кадри Весели, денеска, во своето прво појавување пред Специјалниот суд за злосторства на поранешни припадници на ОВК во Хаг (чие полно име е Специјализирани совети и Специјализирано обвинителство на Косово) изјави дека не е виновен за злосторства против Албанци, Срби и Роми низ Косово и Албанија, 1998-1999 година.

– Јас не сум виновен по ниту една точка од обвинението, рече Весели (53) откако судијата на претходна постапка Николас Гијо го праша како се изјаснува по 10 точки од обвинението.

Бранител на Весели е британскиот адвокат Бен Емерсон, кој двапати го бранеше командантот на ОВК Рамуш Харадинај од обвиненијата за воени злосторства на Косово пред Хашкиот трибунал.

Емерсон најави дека наскоро ќе побара привремено да биде ослободен Весели. Тој рече дека Весели не бил уапсен, дека доброволно се предал, согласнодоговорот со обвинителството.

Во времето опфатено со обвинението, од март 1998 година до септември 1999 година, Весели бил шеф на безбедносната и разузнавачката служба на ГШ на ОВК.

Заедно со членовите на Генералштабот на ОВК Хашим Тачи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, Весели е обвинет по 10 обвиненија за политички и етнички прогон, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, суров третман, тортура (две точки) и убиства (две точки). Овие дела се квалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото и во четири точки како воени злосторства.

Како учесници во заеднички злосторнички потфат, тие се обвинети за злосторства против најмалку 407 затвореници во 34 притвори на ОВК низ Косово и Албанија и најмалку 98 убиства, од март 1998 година до септември 1999 година.

„На повеќе локации низ Косово, како и во Кукеш и Кахан во северна Албанија, припадниците на ОВК извршија злосторства според обвинението против стотици цивили и лица кои не учествувале во непријателства“, се вели во обвинението.

Според обвинението, „жртвите биле лица осомничени дека не ја поддржувале ОВК, а подоцна и привремената влада на Косово“.

Тоа биле: „Србите, Ромите и Ашкали; католици; цивили за кои се верува дека соработувале или комуницирале со српските власти; Албанци кои ја поддржувале или биле поврзани со Демократската лига на Косово, како и со други партии за кои се смета дека се против ОВК “.

Според обвинението, жртвите биле и „Албанци кои не се приклучиле на ОВК или не ја поддржувале ОВК и лица кои се сметале за противници на ОВК.

Тачи му се предаде на судот на 5 ноември во Косово, заедно со Весели и Селими, а истата вечер беше ставен во притвор во Шевенинген. Вчера Красниќи (69), поранешен портпарол на ОВК, по првпат беше изведен пред судот во Хаг и се изјасни дека не е виновен за злосторствата од обвинението. Исто и Тачи вчера се изјасни дека не е виновен.

Утре пред Судот ќе се појави и Селими (49) за да се изјасни по обвинението.

Главниот обвинител Смит првото предлог обвинение го поднесе на 24 април, а второто, ревидирано, на 24 јули. Судијата Гију го потврди обвинението на 26 октомври.

Косовските пратеници гласаа за формирање на Специјалниот суд во 2015 година, под силен притисок на САД и на ЕУ. Најголемите политички партии во Косово, според наодите на БИРН, не го поддржуваат барањето на ветераните на ОВК за укинување на судот, дури и ако се согласни дека судот е пристрасен. Од самиот почеток е крајно непопуларен меѓу косовските Албанци, кои на неговото постоење гледаат како на напад врз правичноста на борбата на ОВК против репресивната српска власт, наведува Балкан инсајт.

Идејата за формирање на „хибриден“ суд, како дел од косовскиот судски систем, но со седиште во Холандија, во обид да се обезбеди негова независност и да се заштитат сведоците, дојде по објавувањето на извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, за злосторствата наводно извршени од припадниците на ОВК, во 2010 година.

Next Post

Повторно над 2.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција, починати 41 лице

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk