ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Филиповска-Грашковска: Има помалку непочитувања на протоколите, најверојатно поради зголемените ингеренции на инспекторите

November 11, 2020 15:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Помалку непочитувања на здравствените протоколи забележале инспекциските служби во текот на минатата недела, што според претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, најверојатно се должи на зголемените ингеренции на испекторите.

– Претпоставувам дека измените на Законот со кои се зголемија овластувањата на инспекторите, но и се додоа нови мерки, како што е забраната за вршење на дејност и изрекување глоби доколку не се почитуваат протоколите, ги дадоа своите резултати. Впрочем, мината недела констатирана е само една неправилност во однос на непочитување на здравствените протоколи. Станува збор за објект во Куманово за кој е изречена забрана за вршење дејност и прекршочен платен налог, изјави Филиповска-Грашковска на денешната прес-конференција во Владата.

Сепак, според неа, во спречувањето на ширењето на вирусот потребна е и помошта од граѓаните и стопанствениците кои треба да ги почитуваат протоколите.

– Се наоѓаме пред најтешкиот период од справувањето со вирусот, период  во којшто сите подендакво треба да покажеме општествена одговорност преку почитување на мерките и протоколите со цел да го спречиме ширењето на корона вирусот и да ја надминеме оваа здавствена криза. Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на уредбите и одлуките на мерките на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот. Овие служби деноноќно работат со полн капацитет и така ќе продолжат и во следниот период. Но, во целиот процес потребна е поддршка и помош од секој граѓанин и од стопанствениците преку почитување на здравствените протоколи и законите, нагласи Филиповска-Грашковска. 

Во периодот од 2 до 8 ноември спроведени се вкупно 5.503 инспекциски контроли од кои 3.743 извршил Пазарниот инспекторат. Од страна на пазарните инспектори направени се и 614 надзори. Поднесени се вкупно 26 прекршочни пријави од коишто една за непочитување на ковид протоколот, а останатите 25 за непочитување на материјалните закони. Поднесени се и две кривични пријави против угостителски објекти во Струга и Прилеп, како и 45 решенија и 43 прекршочни платни налози. 

Здраствениот и санитарен инспекторат извршил 67 надзори и има изречено шест решенија поради констатирани неправилности, како и 11.523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица кои се позитивни или биле во контакт со заболено лице. 

Во овој временски период во аптеките не се забележани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.

Инспекторите за труд извршиле 597 надзори и изрекле 24 решенија за утврдени неправилности од областа на работните односи. Инспекторатот за транспорт извршил  58 надзори и издал девет решенија и три прекршочни платни налози.  

 АХВ извршила 385 надзори, при што се издадени 11 решенија, пет прекршочни платни налози и спроведени 14 едукации. Најчестите неправилности кои ги забележале овие инспектори се за неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општите хигиенски мерки и нерегистрирани објекти. 

Next Post

Нов земјотрес ја потресе Македонија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk