Мечето Теди од Штип конечно пристигна во резерватот во Белица, Бугарија, и веќе ужива на 120.000 м2 во Паркот на танцувачките мечки.
На 5ти ноември на терен во Штип, Тина која работи како ПР во Скопската зоолошка градина и ветеринарот Срѓан Мештеровиќ го испратија Теди и екипата на Four Paws во резерватот поддржан од фондацијата на Брижит Бардо и 4 Paws International.
Благодарение на овие фондации, Теди повеќе не е во малиот студен кафез во Зоо паркот во Штип. Тимот на Скопје Зоо заедно со Four Paws и управителот на паркот во Белица, Димитар Иванов ги направи сите напори мечето да отпатува во новиот дом, а Теди успеа да стигне во резерватот само неколку часа пред да се затвори целосно грчката граница.
Теди, велат од Паркот во Белица дека е единственото мече таму кое најмногу обожува моркови.
Од Скопската зоолошка градина изјавија голема благодарност до директорот на Скопје ЗОО, Ѓорѓи Галетановски кој од самиот почеток го поддржа целиот процес, ветеринарката Весна Левајковиќ која ја подготвуваше документацијата, Министерство за животна средина, АХВ и општина Штип.
Фото: Официјалната фејсбук страна на Скопје ЗОО
И.Е.














