Музички уметници, македонски естрадни, ја поддржуваат кампањата НосамМаска.
Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.
По усвоените измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести, на сила е мерката за носење лична заштита на лицете: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.