Двајца од обвинетите за петкратното убиство во Смилковско Езеро, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири се вратени во Шутка, откако кривичниот суд им изрече мерка 30-дневен притвор.
Оваа мерка доаѓа по барање на обвинителката на овој случај, Фатиме Фетаи, поднедена по одлужубање на денешното рочиште. Во нејзиното објаснување, Фетаи рече дека процесот е при крај и постои опасност обвинетите да бегаат иако тие и нивниот адвокат лично негирале дека имаат такви планови.
За останатите обвинети, Фетаи бараше заострување на мерката за пријавување на суд секој ден за Хаки Азири, а за Сами Лута остана истата мерка, пријавување два пати неделно.
А.Зеќири