Интересно сведоштво сподели пратеникот на СДСМ, Коста Костадинов на своите профили на социјалните мрежи. Неверојатна блискост искажал богаташот Трифун Костовски со „левичарот“ Димитар Апасиев. Костадинов напиша:
На излегување од салата, Трифун Костовски со посебни симпатии до Апасиев.
-Оратору мој!
Толку беше борбата на Димче Апасиев со олигарсите.
Излезе виделината и за Левица!
Во врска со љубовта меѓу „левичарот“ и богаташот чија банка банкротираше неодамна, поставени се голем број новинарски прашања, јавно и по мејл, но ниедно од нив не е одговорено. Доколку навистина се случило ова и вакво „љубовно“ обраќање од Костовски до Апасиев, еве уште едно прашање што може да се додаде на долгата низа неодговорени прашања:
Дали и какви интереси ги поврзуваат Костовски и Апасиев или можеби се работи само за чиста емоција?
Се разбира, остануваме и на прашањата кои се доставени до партијата што ја води овој многу сомнителен „левичар“. Бидејќи, ете, добар оратор бил, па не би требало да му е проблем да ги одговори.
Џ. Дерала