ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Членството во BSEC носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции

November 14, 2020 12:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На 9 ноември Република Северна Македонија официјално стана 13-та членка на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC), која се протега на два континента и економски поврзува над 350 милиони жители,  покрива три различни региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по тој повод денеска на прес-конференција соопшти дека членството создава нови услови и можности за привлекување странски инвестиции и создавање дополнителни потенцијали за домашните бизниси, оособено оние што се извозно ориентирани.

„Обемот на трговија во рамките на BSEC изнесува приближно 170 милијарди долари годишно. Важно е да се потенцира дека оваа организација е вториот најголем извор на нафта и природен гас, со што претставува еден од главните снабдувачи  на енергија на Западна Европа. Постои широк обем на соработка помеѓу земјите членки на БСЕК и Северна Македонија, рече Османи, додавајќи дека уште на самиот почеток земјава ќе се стреми веднаш активно да се вклучи во секторските сфери на соработка, почнувајќи од трговијата и економскиот развој, банките и финансиите, комуникацијата, енергијата, транспортот, земјоделството и агроиндустријата, здравствената и фармацевтската грижа, заштитата на животната средина, туризмот, науката, технологијата“ рече Османи.

Придобивките од БСЕК не се однесуваат само на членството во структурите на Организацијата и отворањето на каналот на економската комункација меѓу земјите членки, туку и во реализација на заеднички проекти. Ова најмногу доаѓа до израз, посочи Османи, преку содзвање фонд за развој на проекти од различните сектори на Организацијата.

„Секое идно планирање мегапроекти од областа на инфраструктурата и енергеттиката кои ќе потекнуват географски од БСЕК, ние ќе можеме одблиску да ги следиме и да се вклучиме како корисник, како транзитна земја, и со тоа да обезбедиме дел од заедничките бенефити од членството во Организацијата“ истакна шефот на дипломатијата.

Четири од нашите пет соседни земји, додаде Османи, веќе се членки во оваа организацијата што дополнително ни ги отвора можностите да настапуваме заеднички како соседи, како посебен регион, во рамки на БСЕК, штитејќи ги нашите регионални интереси

Next Post
Фото: МИА

Кандидатурата за претседавање со ОБСЕ ќе биде на дневен ред на декемврискиот состанок на Организацијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk