ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Интерните клиники се подготвени да примаат пациенти, лекарите се целосно мобилизирани

November 14, 2020 14:41
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инфраструктурата и тимовите во одделенијата на Интерните клиники се целосно подготвени за прием на пациенти, вклучително и третиот кат од зградата кој е снабден дел со кислород, дел со концентратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој утрово имал координативен состанок на кој биле анализирани бројот на пациенти и како се овивал приемот вчера.

Нагласи дека лекарите од сите интерни клиники се целосно мобилизирани и посветени на работата со пациенти со КОВИД-19 – еден дел вршат вообичаена  работа за нивните интернистички одделенија, а други се приклучени за работа и третман на КОВИД-пациенти на нивните одделенија. Организацијата на персоналот, рече, се прави со нивни интерни договори за работата.

Во однос на третманот на пациентите во „8 Септември“, одговорно тврди дека за тие што се на респираторна машина секогаш се присутни или се консултираат анестезиолози кои се експерти што може да постават пациент на машина и да ги регулираат параметрите и дека и пред КОВИД имале такви искуства. Но сега притисокот е поголем за таква интервенција зашто оваа болест, рече Филипче,  во најтешка форма ги засега белите дробови и е потребна механичка поддршка.

И во оваа болница, додаде министерот, сите лекари се мобилизирани, но за други дејности и за да не се создаваат листи на чекање, специјалистите (хирурзи, ортопеди, невролози) работат во своите области и затоа не се, како што рече, буквално сите ангажирани за третман на КОВИД-пациенти.

Министерот соопшти дека до крајот на годинава очекува да бидат поставени две до три монтажни болници, но поради блокадата од опозицијата, како што рече, можно е тие да не стигнат според првичниот план – да се постават 16 ковид-центри во близина на болниците.

– Но ние направивме резервен план и токму тој сега и се активира. Тоа се овие дополнителни капацитети на Интерните клиники и целосно спремните дополнителни капацитети во болницата „8 Сеептември“. Имаме план, се менаџира и со кадарот, и со останатите одделенија од каде што еден дел од програмот се намалува. Тоа е веќе во функција, а искрено се надевам дека и мерките ќе дадат резултат, согласно циклусот од три до четири недели од пренос на вирусот, детекција, евентуален развој на болеста кај носителите на вирусот. Овој период што доаѓа од некаде две недели, сепак, би тебало да даде некаков резултат во смисла на намалување на новодијагностицирани пациенти, изјави Филипче по промовирањето на проширените  капацитети за хоспитализација на Клиниката за хематологија.

Во изминатиот период, рече, сериозно е зголемен бројот на тестови, особено брзи тестови. Веќе стигнаа 13 000, во тек е постапката за набавка и со Проектната единица на Светската банка.

Значајна количина тестови ќе стигне, рече, во сите центри и согласно со потребата ќе може да бидат сите тестирани. Постојано се зголемуваат термините во лабораториите во центрите и во Институтот за јавно здарвје, во Козле, а сега и на пунктовите за брзи тестови.

-Секој кој има каква било клиничка слика, може да се јави во која било болничка установа низ државата, како и тука – на Инфективната клиника, на Интерните клинки, на Институтот за белодробни заболувања или во болницата „8 Септември“. Секаде се тие тестови поделени, истакна Филипче.

Во однос на резултите од тестовите, во сите акредитирани лаборатории за тестирање на КОВИД-19, рече, квалитетот е загарантиран зашто  е анализиран начинот на спроведеното тестирање, лабораториската опрема и сензитивноста и специфичноста на тестовите.

-Секогаш се смета за валиден тестот кој е позитивен ако потоа има негативни тестови, затоа што можеби не бил технички добро земен или можеби поминало доволно време да не се детектира. Затоа последниот тест кој е позитивен се зема за валиден и од него се сметаат сите рокови понатаму за препораките за изолација и за лекување доколку треба, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на антителата, додаде има многу случаи кои дури и по прележана болест, не само откриен вирус, нема детекција на антитела. Според истражувањата, и кога има потврдена количина на антитела, не е доказ дека тие штитат.

– Има многу опции кои се видливи и секој ден во овој период се детектираат, но науката се уште нема дадено објаснување, рече Филипче.

За хронично болните министерот посочи дека има административен начин да работат од дома ако тоа го утврди специјалист и дека тоа е во функција од септември.

– Секој пациент со хронична болест со мислење од лекар специјалист може да остане дома подолг период, толку колку што ќе утврди лекарот специјалист. Тој механизам го разработивме со Фондот од здравствено осигурување, додаде министерот за здравство

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Крмзов доби 30 дена притвор

June 10, 2025
Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk