ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Снимките на Милошоски против Заев за случајот Рекет се „сечени, лепени, монтирани“

November 14, 2020 14:53
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривичните пријави на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, поднесени до Јавното обвинителство со цел да докаже дека постои вмешаност на премиерот Зоран Заев во досието Рекет, нема да се процесуираат и нема да се покрене обвинителен акт.

Ваквата одлука ја соопшти Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција во интервју за емисијата „360 степени“.

Иако не сакаше да биде директна и да го користи терминот „сечени, лепени, монтирани“, сепак таа откри дека станува збор за повеќе разговори кои се прекинати, па потоа се додавани други делови од други разговори.

„Се беше предадено на вештачење, во едниот случај диктафон, а во вториот случај беше телефон. Тие беа дадени на компјутерска форензика во рамките на Министерството за внатрешни работи и по екстрахирањето на податоците се вршеа анализи на истите. Од тоа што успеав да го прочитам од тие анализи е дека се работи за повеќе разговори, кои се прекинати, па додадени делови од други разговори. Ние сè уште немаме јавно соопштено одлука, но ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави“- изјави Русковска.

Јавноста сега го очекува одоворот дали е можно Милошоски да сноси одговорност за тоа што го пријавил премиерот со лажни материјали кои ги преставил пред обвинителите како докази. Што знаел Милошоски за содржината на снимките кои ги предал, односно дали тој може сега да му открие на Јавното обвинителство кој стои зад сечењето и монтирањето разговори.

Лоша му е кармата на Милошоски со прислушувани разговори. Прво, заедно со лидерот Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се обидуваа да ја манипулираат јавноста дека аудијата од нелегалното прислушување кои ги објавуваше СДСМ се „сечени, лепени и монтирани“ затоа што на нив се слушаше за нивниот криминал, за потоа тоа да му се врати како бумеранг- неговите наводни докази да ти биле прекроени.

Д.Е.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ ја разреши советничката која побара оставка од Мицкоски и вонреден конгрес

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk