ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мас: Заев покажа политичка храброст

Кажа и дека Заев придонел за зајакнување на правната држава, се бори за незвисно судство, против корупцијата, за враќање на демократијата.

November 16, 2020 17:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Заев имаше политичка храброст да појде по патот на компромисот, мирот и пред се на заемната почит, и стана двигател на надеж на една цела  генерација на која и беше доста постојано да се занимава со национализам и со една политика која беше конфронтирачка и насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на цеременијата во Берлин на која на македонскиот премиер му беше доделена наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Мас потсети дека мандатот на Заев почна со страшно сценарио кога приврзаниците на една влада во заминување јуришаа на парламентот, каде маскирани напаѓачи со столици напаѓаа пратенци, се тепаа новинари и владеше хаос.

-Неговите претходници реагираа  со насилство, премиерот во заминување зборуваше за пуч. Новите избори од кои тој излезе како победник, беа резултат на тн. шарена револуција. Заев стана двигател на надеж на една цела  генерација  на која и беше доста постојано да се бави со национализам  и со една политика која беше конфронтирачка и насочена повеќе кон минатото отколку  кон иднината, рече Мас.

Кажа и дека Заев придонел за зајакнување на правната држава, се бори за незвисно судство, против корупцијата, за враќање на демократијата.

– 27 години  тлееше спорот за  името  помеѓу Грција и Северна Македонија и  ја блокираше  евроатлантската интеграција  на земјата. Тогашните министри за надворешни работи Никос Коѕијас  и Никола Димитров минува ноќи во преговори  и ние постојано бевме  во блиски контакти. Кога на 17 јуни  се ракувавте на Преспанското езеро со Алексис Ципрас покажавте дека успеавте да појдете по  патот на компромисот, мирот и пред се на заемната почит. Од 2019 година земјата носи ново име и за тоа Заев  внатрешно политички мораше да издржи силен отпор. Особено бурно  стана кога приближувањето кон ЕУ  сепак не беше толку бргу како што имаше надежи и се чинеше  дека долгиот  пат кон Европа ќе стане уште подолг. Прими противудари, но не допушти да застрани од патот, каша шефот на германската дипломатија зборувајќи за постигнувањата на македонскиот премиер.

Првите плодови од таа политичка храброст, како што наведе Мас, Македонците ги добија во март оваа година кога С Македонија  беше примена во НАТО како 30 сојузник, што беше голем  голем чекор  за  земјата, но и за безбедноста на целиот  регион на Западниот Балкан.

– И во март ЕУ конечно даде зелено  светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Покрај Преспанскиот договор  исто така треба да се спомне и Договорот за добрососедство со  Бугарија кој беше потпишан во 2017  година. Добар знак е дека Бугарија и С Македонија како соседи оваа  година заедно го презедоа претседателството со  Берлинскиот процес. На Самитот којшто заеднички  го  организираа минатата недела  се постигнаа важни резултати  како создавање заеднички  регионален пазар , проект од огромно значење, истакна Мас.

Посочи дека во моментов се  водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција. Рече дека Берлин ќе направи се што е во негова моќ пристапните преговори со Северна Македонија да почнат до крајот на годинава за време на германското претседавање со ЕУ.

Хајко Мас на почетокот потсети и дека Заев е еден од последните што го видел пред да отиде во карантин по средбата во Берлин пред две недели со министерите Бујар Османи и Никола Димитров и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на која се бараа решенија за отворање на пристапните преговори и за барањата на Бугарија.

Next Post

ЕУ едногласно се противи на бугарското барање за поглавје 35 за С.Македонија

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk