Церемонија на доделувањето на наградата за човекови права за 2020 година на премиерот Зоран Заев, од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Церемонијата ќе ја отвори Хајко Маас, федерален министер за надворешни работи.
Заев, придружуван од министерот за надворешни работи – Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.







