Правото на самооопределување не може да биде предмет на разговори во дипломатијата, тоа се коси со меѓународното јавно право. Македонскиот народ и јазик се реалност, изјави премиерот Зоран Заев на церемонијата за доделување на наградата за човекови права 2020 на Фридрих Еберт. Заев го читаше говорот на мајчин, македонски јазик.
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас рече дека во моментов се водат интензивни преговори за првата Меѓувладина конференција да се одржи под германското претседателство.
„Драг Зоран ти си влевател на надеж во многу нерешени конфликти на овој свет, чест ми е да ја врачам наградата на еден реформатор, далекуглед политичар и пред се Европеец“, му порача Мас на Заев.







