Тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Северна Македонија е прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на Европската унија, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во Скопје Ерван Фуере.
ФРОНТ: Ветото на Бугарија не е „бугарско вето“! Имаме многу пријатели во Бугарија и тоа пријателство треба да продолжиме да го негуваме, наспроти обидите на некои политички елити да поттикнуваат нетолеранција и омраза меѓу Македонците и Бугарите, пишува Жарко Трајаноски.
КОМЕНТАР: Марковски контра Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ нема став за јавното здравје.
Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1.388 нови случаи.
Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени 3.519 нови случаи на коронавирус, а 152 лица починаа, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата.
Шведска се откажува од „шведскиот модел“. Шведска забрани собири на повеќе од осум лица, а премиерот на Шведска им порача на граѓаните да не одат во теретани и библиотеки, како и да не организираат вечери и забави.
Годинава сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на новороденечката смртност. Продолжува намалувањето на процентот на смртност на предвремено родените бебиња на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Ќе продолжи реализацијата на магистралната траса на гасоводот од Скопје до Гостивар, а паралелно ќе се работи и на воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивната мрежа во земјава за што веќе се обезбедени и експерти од страна на ЕБОР, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Владата ќе одлучува за одобрување на 120 милиони денари од Буџетот за реконструкција на Универзалната сала.
Конференција на ЦИВИЛ за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ во организација на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, ќе се одржи во четврток, на 19 ноември во хотел Парк Резиденс со почеток во 12 часот.
Во организација на Gitr Macedonia, од 1-ви до 3-ти декември ќе се одржи Старт-ап натпревар „Get in the Ring Skopje“.
Граѓанското движење на Ромите „Аваја“ во реакција за Предлог буџетот на држава за 2021 година, бара, како што наведува во соопштение, Владата да ја преиспита одлуката во врска со буџетот наменет за имплементација на Стратегијата на Роми и во рамки на Министерството за транспорт и врски да го зголеми на 40 милиони денари.
Ј. Ѓ.





