ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ветото на Бугарија не е „бугарско вето“!

Имаме многу пријатели во Бугарија и тоа пријателство треба да продолжиме да го негуваме, наспроти обидите на некои политички елити да поттикнуваат нетолеранција и омраза меѓу Македонците и Бугарите. Тука издвоив само неколку од стотиците изјави на нашите бугарски пријатели, кои последниве месеци ја критикуваа политиката на Бугарија кон Македонија.

November 17, 2020 12:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Лично, блокирањето на сегашната држава Бугарија на нашата евроинтеграција, не го сметам за „бугарско“ вето. И затоа апелирам, до сите фејсбук пријатели, да се воздржат од било каков говор на нетолеранција кон нашите пријатели Бугарите.

Имаме многу пријатели во Бугарија и тоа пријателство треба да продолжиме да го негуваме, наспроти обидите на некои политички елити да поттикнуваат нетолеранција и омраза меѓу Македонците и Бугарите. Тука издвоив само неколку од стотиците изјави на нашите бугарски пријатели, кои последниве месеци ја критикуваа политиката на Бугарија кон Македонија. Поради овие критики, многумина од нив беа јавно напаѓани и омаловажувани, како што беа и многумина наши сограѓани кои ги критикуваа македонските закоравени историско-политички догми од времето на поранешна Југославија.

Затоа, почит кон бугарските интелектуалци кои укажаа на неправдата! И слободно дополнете ги во коментар, сите што сум ги испуштил.

Ивајло Дичев: „Што прават нашите властодршци кога ќе се најдат во тесно? Уриваат некоја ромска колиба. Им објавуваат света војна на родовите кои самите си ги измислуваат. Политизираат светски кризи како оваа со коронавирусот. И се разбира- ги рекреираат историските војни за Македонија.“ / „Во меморандумот, испратен до земјите-членки на ЕУ, нашата влада открива кај југозападниот сосед подмолна „антибугарска идеологија“. Основното обвинување е тоа дека Северна Македонија воопшто постои – и доколку таа нова нација упорно одбива да се самоукине – тоа нашите го сметаат за акт на агресија.“ Ивајло Дичев, За Бугарија е акт на агресија самото постоење на Северна Македонија, 17.09.2020

Александар Ќосев: “…и коалицијата на „патриотите“ и голем дел од бугарското население живеат во романтичарско-патриотските митови од 19 век. А тие митови не секогаш одговараат на фактите и на модерната перспектива на фактите.“ / „Ако продолжиме да талкаме назад во историјата, наместо да се фокусираме на тековните проблеми и да размислуваме за заеднички живот во обединета Европа, овој проблем едноставно не може да се реши.“ Александар Андреев, Ќосев: Бугарите талкаат низ историјата, https://www.dw.com/mk, 29.10.2020

Чавдар Маринов: „…во голем степен официјалните бугарски позиции што ги слушаме денес се формулирани токму во времето на Живков. Навистина, дел од бугарскиот историски наратив за Македонија датира од порано (посебно тезите за средновековната историја, за преродбата во XIX век и т.н.), меѓутоа, неговото конечно кодифицирање се случува имено за време на социјализмот.“ Маринов: Во Бугарија се уште живее сонот за „ребугаризација“ на Македонија Deutsche Welle – 05.11.2020

Стефан Ралчев: Не мога и няма да толерирам самоустановилия се тоталитарен режим в България по отношение на “македонския въпрос”. Глас се дава само на закоравели последователи на тодорживковата линия за Македония от шейсетте години на миналия век – те са членове на Комисията, те са по медиите, тях слушат хората от сутрешните студия., https://www.facebook.com/stefan.ralchev/posts/10164331015265504 07.11.2020

Димитар Бечев: „Од 60-тите години во Бугарија има консензус дека Македонија е дел од историјата, дека македонската нација е нешто вештачко, меѓутоа, сите нации се вештачки, и бугарската, вклучувајќи ја. И додека тој консензус, кој е хипотека од минатото, не биде проблематизиран – и тука улогата е на историчарите, на стручњаците за општествени науки – додека тој е доминантен, ќе имаме проблеми“ #CLICKPLUS | 10.11.2020

Стефан Дечев: „Уште откако започнаа разговорите за историјата во Мешовитата комисија, бугарската страна тргна од една погрешна позиција: дека целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна речиси треба да ја препише бугарската историја до 1944 година.“ Дечев: Во Бугарија се замолчуваат гласовите кои мислат поинаку за историскиот спор Deutsche Welle – 12.11.2020

Stefan Ralchev: Прекрасна ирония. Македония се класира за Европейско първенство по футбол, докато България я спира за политическа Европа. България е последна дупка на кавала и във футбола, и в политиката на Европа. https://www.facebook.com/stefan…/posts/10164352633640504

Dimitar Bechev: На Каракачанов му е лесно да блокира Северна Македония за ЕС – нито роднини има там, нито пък приятели. https://www.facebook.com/dimitar.bechev.1/posts/10164759709325392

Ивајло Дичев: Загрижени сме што нашите окупатори, кои се ставија во служба на Хитлер, беа наречени „фашисти“. Но, ве потсетувам дека до ’89 година доминантно мислење во нашата земја беше дека тој режим е „монархофашистички“, и многу историчари во нашата земја сè уште го нарекуваат така. / Така, бугарската историска реконструкција, чија цел е да ја убеди публиката за тоа колку сме големи, повторно нè прави играчка во рацете на другите, нè прави посиромашни, изолирани. Затоа што нациите успеваат кога гледаат напред, а не на она што неповратно го изгубија. Дичев: Апсурдното вето за С. Македонија зборува за бугарските комплекси, https://a1on.mk/…/dichev-apsurdnoto-veto-za-s…/, 17.11.2020

Константин Мишев: Ако човек има корен от Македония. Ако човек има деди, загинали за Македония. Ако човек днес има поне един братовчед в Македония. Ако човек обича нашите братя в Македония. Такъв човек не би могъл да бъде срещу присъединяването на Северна Македония в Европейския съюз. https://www.168chasa.bg/article/9231035, 17.11.2020

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk