ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед во 15 часот: Тактиката на Бугарија кон С. Македонија е неразумна и контрапродуктивна, смета Фуере, според Жарко Трајаноски – Ветото на Бугарија не е „бугарско вето“!

November 17, 2020 15:20
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Северна Македонија е прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на Европската унија, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во Скопје Ерван Фуере.

ФРОНТ: Ветото на Бугарија не е „бугарско вето“! Имаме многу пријатели во Бугарија и тоа пријателство треба да продолжиме да го негуваме, наспроти обидите на некои политички елити да поттикнуваат нетолеранција и омраза меѓу Македонците и Бугарите, пишува Жарко Трајаноски.

КОМЕНТАР: Марковски контра Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ нема став за јавното здравје.

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1.388 нови случаи.

Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени 3.519 нови случаи на коронавирус, а 152 лица починаа, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата.

Шведска се откажува од „шведскиот модел“. Шведска забрани собири на повеќе од осум лица, а премиерот на Шведска им порача на граѓаните да не одат во теретани и библиотеки, како и да не организираат вечери и забави.

Годинава сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на новороденечката смртност. Продолжува намалувањето на процентот на смртност на предвремено родените бебиња на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Ќе продолжи реализацијата на магистралната траса на гасоводот од Скопје до Гостивар, а паралелно ќе се работи и на воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивната мрежа во земјава за што веќе се обезбедени и експерти од страна на ЕБОР, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Владата ќе одлучува за одобрување на 120 милиони денари од Буџетот за реконструкција на Универзалната сала.

Конференција на ЦИВИЛ за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ во организација на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, ќе се одржи во четврток, на 19 ноември во хотел Парк Резиденс со почеток во 12 часот.

Во организација на Gitr Macedonia, од 1-ви до 3-ти декември ќе се одржи Старт-ап натпревар „Get in the Ring Skopje“.

Граѓанското движење на Ромите „Аваја“ во реакција за Предлог буџетот на држава за 2021 година, бара, како што наведува во соопштение, Владата да ја преиспита одлуката во врска со буџетот наменет за имплементација на Стратегијата на Роми и во рамки на Министерството за транспорт и врски да го зголеми на 40 милиони денари.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Заев: Да, за европска држава, за крај на неразумните кавги со соседите, за едно општество за сите (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk