„На 23 и 24 ноември, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите фотографи, чија инспирација отвора нови хоризонти на дигитална и модерна уметност. Сега ја имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките. Разменуваме искуства, прошируваме познанства и градиме нови пријателствата.“, велат организаторите на петтиот “Skopje Photo Week 2020“.
Оттаму додаваат – почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД-19, внесуваме енергија во сивото секојдневие и овој есенски самит ќе го реализираме во дигитален онлајн формат, со помош на современата технологија.
За време на настанот, ќе има и конкурс за избор на најдобра фотографија, за што ќе објавиме детали многу наскоро.
Предавачи и панелисти оваа година ќе бидат:
Томислав Георѓиев – Фотограф
Ани и Дими – Фотографи
Горан Попатанасович / 3D Baba – Кинематограф
Two Clicks – Фотографи
Влатко Рафески – Фотограф
Кристијан Теодоров – Кинематограф
Skopje Photo Week е петти по ред настан во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент(Полска), кој се одржува традиционално секоја година. Изминатите настани беа под името ISPV – International Summit of Photographers & Videographers, но овој пат сме со ново име и концепт – Skopje Photo Week (#SPW2020).
J. Ѓ.