Вчерашната вест од #Брисел сите ја примивме со големо разочарување. За жал, точката за отпочнување на преговорите на #СевернаМакедонија со #ЕУ од страна на германското претседателство беше помината само информативно и не беше донесена никаква одлука, објави на својот ФБ профил претседателот Стево Пендаровски.
„Во интервју за австриската ORF зборував за ветото од #Бугарија, за нашите ЕУ перспективи, за паралелата помеѓу Преспанскиот и Договорот за добрососедство и пријателство.
Кога во 2017-та со Република Бугарија го потпишавме Договорот за добрососедство и пријателство, се чинеше дека постои јасно изразена политичка волја на двете страни да се имплементира договорот, според неговата содржина. Сега, истата политичка структура којашто стои зад потпишувањето на Договорот, излегува од неговите рамки и оди во спротивна насока од основните Европски принципи и вредности“, напиша Пендаровски.







