ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Објавена книгата „Даница Ручигај: Песна над песните“ на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов

November 19, 2020 20:29
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во издание на „Академски печат“ од Скопје од печат излезе книгата „Даница Ручигај: Песна над песните“ на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, новинари на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти.

Оваа најнова книга на Чоловиќ и Стаменов е резултат нa нивното дведецениско истрајно пасионирано истражување на животот и на творештвото на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто Даница Ручигај, која трагично го загуби својот живот во катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. Иако зад себе остави само две стихозбирки, од кои првата „Сребрени ноќни игри“ беше објавена во 1960 година, а втората „Заробеници на ветрот“ постхумно, неколку месеци по нејзината смрт во 1963 година, Даница Ручигај остави неизбришливи траги не само во современата македонска литература, туку и во македонската култура воопшто.

Книгата „Даница Ручигај: Песна над песните“ содржи педесетина текстови – сеќавања, сведоштва и импресии на 35 нејзини содружници,  пријатели, познаници, современици, но и наследници и следбеници и поезија за најпоетесата меѓу македонските поетеси, раскошната и незаборавна Даница Ручигај. Во книгата можат да се прочитаат сеќавањата и импресиите на академиците Матеја Матевски и Радован Павловски, потоа на Александар Ежов, Елена Бендевска, Бистрица Миркуловска, Миле Попов, Нико Този, Коста Балабанов, Евгенија Шуплинова, Гордана Михаилова – Бошнакоска, Михо Атанасовски, Коле Чашуле, Светлана Христова – Јоциќ, Звонко Стојановиќ, Иван Чаповски, Бранко Варошлија, Васил Тоциновски, Виолета Христовска, Људмил Спасов, Александар Прокопиев, Ристо Јачев,  Кристина Николовска, Милан Јазбец и др.

Рецензенти на книгата „Даница Ручигај: Песна над песните“ се проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија во земјава и познат словенечки писател и поет, а нејзиното излегување е овозможено со финансиски средства на Министерството за култура.

Искра Чоловиќ и Свето Стаменов се автори и на книгите посветени на првата македонска поетеса „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (2016), „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ (2017) и „Лабудова песна Заробљенице ветра“ (2019), како и на антологијата на песни посветени на Даница Ручигај „Недореченост, о проклета да си“ (2018), а беа приредувачи и на книгата на Даница Ручигај „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот“, која беше објавена во 2003 година по повод четириесетгодишнината од нејзината трагична смрт во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година.

Next Post

Владата вечерва ќе одржи седница

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk