ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Нови 1.198 ковид случаи, во кризна состојба Владата може да управува со приватните здравствени установи…

November 19, 2020 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Нови 1.198 случаи на ковид-19, 26 починати, најмладите на 35 годишна возраст. Шест скопски општини имаат над 1.100 активни случаи.

Владата има законска можност да управува и со приватните здравствени установи, за време на Кризна состојба. – Не станува збор за национализација на приватните болници, туку евентуално за управување со нив во битката против пандемијата, рече Пендаровски.

За време на Кризна состојба, Армијата ќе се вклучува само на барање на Кризниот штаб. Во делот на ангажманот на Армијата, ние ќе ги следиме барањата на Кризниот штаб, кога ќе се декларира кризна состојба. Таму каде што тие ќе декларираат поддршка на полицијта и на здравствените власти, таму ќе помагаме, рече Пендаровски.

Заев: Кризна состојба не значи полициски час, туку полесно менаџирање на сите ресурси во државата поврзани со пандемијата.

Мицкоски започна линч на Телма и новинарите откако се пожали дека му го откажале интервјуто. “Што бараш у таа квази телевизија?” “кој глеа тоа срање” “грчка телевизија е Телма, 100% антимакедонски медиум” “Гнојот Боби Христов ли да го удостоиш?” “На пазар нема да можат да отидат и шлајмови ќе лапаат од народот” – се дел од коментарите.

Филипче: Нè очекува критичен период, мобилизиран е целиот кадар во јавно здравствените установи. Министерот Филипче појасни дека во целата зграда на интерните клиники ќе се лекуваат ковид пациенти, поради тоа што во овие установи се лекарите интернисти, специјалисти, лекарите пулмолози и другите интернисти кои имаат искуство во лекување на пациентите со коронавирус.

Маричиќ: Филтрација на судството и обвинителството за поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем. Маричиќ во своето обраќање на конференцијата кажа и дека во иднина особено внимание ќе се посвети на целосна имплементација на донесените закони.

 Млад битолчанец болен од ковид избегнал од болница, неколку часа подоцна починал.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 820 пациенти, слободни кревети има.

Сликај го Скопје и освој една од наградите со вкупна вредност од 100.000 денари. На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.

Максим Димитриевски: Во Куманово ги бришеме графитите со говор на омраза.

Алаѓозовски: Зелените вредности треба да станат мејнстрим и да се прифатени од сите партии. Алаѓозовски, информира дека во соработка со Агенцијата за млади и спорт (АМС) се планира да се формира сектор за да се обучат полицајци кои ќе ги препознаат и работат со екстремните групи и да ги дестимулираат.

Сарачини: Културата на неказнивост мора да престане, за ние како општество да функционираме подобро. Според Сарачини, за институционалната структура која се бави со вакви полемики, како Агенцијата за остварување на правата на заедниците и слични, недостигаат буџетски средства.

Хоџиќ: Во државава има добра легислатива, но се потфрлува во праксата во однос со помалубројните заедници.  Дополнителен проблем е големиот бран на иселување и немање на попис, иселувањето ги погодува помалу бројните заедници и местата каде живеат, се надеваме попис ќе има следната година, тоа се важни податоци“, додаде Хоџиќ.
И.Т.З.
Next Post

МКЦ стана дел од големиот европски проект – SCENERGIES

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk