ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За време на Кризна состојба, Армијата ќе се вклучува само на барање на Кризниот штаб

November 19, 2020 16:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена поради состојбата со коронавирусот во земјата, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски. Кризната состојба е законски регулирана и, меѓу другото, опфаќа вклучување на Армијата како поддршка на полицијата, како и на приватните здравствени установи во справувањето со Ковид-19.

Шефот на државата оцени дека состојбата во земјата со Ковид-19 е исклучително сериозна. А состојбата не е поинкава, како што рече и во буквално сите земји и во Европа и светот, далеку полоша од пролетниот бран по бројот на заразени и починати.

Откако ќе биде прогласена кризна состојба, како што појасни претседателот Пендаровски, Законот за одбрана и Законот за управување со кризи даваат многу пошироки можности за поддршка на надлежните институција, пред се, здравствените од страна на Армијата. Тој потсети дека и во моментот Армијата и дава поддршка на полицијата и на здравствените институции, но во лимитиран обем, потпирајќи се само врз правниот основ кој доаѓа од Законот за служба во Армијата.

Пендаровски појасни дека Армијата ќе се вклучува само на барање на Кризниот штаб и оти војниците нема сами да можат на пример да извршуваат одредени задачи како обезбедување на болниците туку како поддршка.

– Во делот на ангажманот на Армијата, ние ќе ги следиме барањата на Кризниот штаб, кога ќе се декларира кризна состојба. Таму каде што тие ќе декларираат поддршка на полицијта и на здравствените власти, таму ќе помагаме, рече Пендаровски.

Шефот на државата кажа дека иако сега пандемијата е многу посериозна од пролетниот бран, сега Армијата е поподготвена.

– Моја проценка е дека сега кога би била кризна состојба еве денеска, ние би имале седум до десет пати повеќе припадници на Армијата ангажирано отколку што имаме досега, рече Пендаровски потсетувајќи дека војниците и сега некаде и помагаат на полицијата и здравствените власти.

Втората битна разлика, како што кажа, е во законската можност Владата да управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија, на општините на Градот Скопје, но тука вклучувајќи ги и трговските друштва, во овој случај и приватните здравствени установи.

– Не станува збор за национализација на приватните болници, туку евентуално за управување со нив во битката против пандемијата, се разбира таму и во тој обем во кој Владата ќе процени дека е тоа неопходно. Инаку, знаете дека приватната сопственост е гарантирана со Уставот и затоа тука не станува збор за национализација или некакво менување на сопственоста, рече Пендаровски.

Воведувањето на кризната состојба на целата територија, како што потенцира, нема никаква врска со прогласување на полициски час и евентуално на рестрикции на движењето на граѓаните.

– Тоа е во надлежност прво на Комисијата за заразни болести, потоа на Централниот кризен штаб и се разбира на Владата ако така процени дека е неопходно, рече Пендаровски.

Шефот на државата очекува Владата многу брзо да прогласи кризна состојба на целата територија.

На дневен ред на денешната 10. седница на Советот за безбедност беше актуелната ситуација со пандемијата КОВИД -19.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој беше повикан од Пендаровски да присуствува на состанокот, информирал за капацитетите и ресурсите во здравството и за реорганизацијата на болниците за справување со пандемијата, додека премиерот Зоран Заев за севкупните активности и за политиките во другите ресори и можните опции и сценарија за наредните денови и недели.

Во моментов во земјата има прогласено кризна состојба на северната и јужната граница во врска со нелегалните преминувања на мигранти и бегалци и на тие подрачја полицијата и војската работат заедно. Сега таквата соработка откако ќе биде декларирана кризна состојба на цела територија ќе биде овозможено буквално на целата територија на земјата.

На седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија која се одржа во претседателската „Вила Водно“, се расправаше за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции. Покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот.

Next Post

Сликај го Скопје и освој една од наградите со вкупна вредност од 100.000 денари

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk