Роберт Алаѓозовски е Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата. Тој е еден од креаторите, а сега и одговорен за спроведување на една од најзначајните стратегии во нашето општество – „Едно општество за сите“.
И како поранешен министер за култура, но и како врвен интелектуалец и граѓански активист, со обемно меѓународно искуство, Алаѓозовски е препознатлив по своите прогресивни ставови и проекти за развој на мултикултурното општеството.
Тој сега се наоѓа исправен пред тежок предизвик, да ја спроведе стратегијата што во себе ги содржи сите елементи за развој на едно модерно, прогресивно и европско општество во кое се почитуваат различностите како богатство, а не како пречка.
Алаѓозовски говори за ЦИВИЛ МЕДИА за меѓуетничките односи, за стратегијата и за предизвиците. Неговиот вообичаено одмерен вокабулар не ги крие вистинските состојби, но во своите одговори тој ги претставува и решенијата.
Иако проблемите во сферата на односите меѓу заедницата се бројни и големи, за Алаѓозовски тие очигледно не се непремостливи.