„Во серијалот трибини што го организираше СДСМ имаше посебен дел под наслов „Млади 20/24“ каде што заедно со студентите, средношколците, младите… ги дадовме нашите предлози за подобрување на младинскиот живот и потоа тие предлози влегоа во прорамата за избори на СДСМ. Таму се содржани нашите предлози за доделување по 5 000 евра неповратни средства за отворање мал бизнис, на младите од 15 до 29 години да им се враќа персоналниот данок во пвите две години од вработувањето и други мерки со цел да ги поттикнеме младите да станат дел од општеството.“- изјави новиот претседател на СДММ, Марко Михаилоски, во „Утрински брифинг“ преставувајчи ги своите планови за следните две години.
Мерките за подобрување на состојбата со младите се во насока да се намалува невработеноста, посочи Михаилоски.
„Во моментов младинската невработеност, на лица од 15 до 29 годишна возраст е некаде околу 17, 5 проценти, но со ефикасните политики на Владата, во чие креирање учевствуваме и ние младите, тој процент ќе го намалиме под 17 отсто. Иако периодов, заради пандемијата, тоа е потежок процес, сепак посветеноста и работата ќе ни донесат успех.“- коментираше Михаилоски.
Д. Е.