ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шилегов: Позицијата на Бугарија е непринципиелна, надвор е од принципите на функционирање на ЕУ

November 20, 2020 19:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Позицијата на Бугарија е непринципиелна и е надвор од принципите на функционирање на ЕУ и како таква не може да опстои подолго. Сме имале и потешки моменти и ова го гледам како една епизода од заокружувањето на целосната извесна иднина и стабилна иднина на Република Северна Македонија, истакна вечерва градоначалникот на Скопје и член на Извршен одбор на СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

– Ако имате унифициран став на Заев, Димитров и Османи, кои се принципиелни и велат дека за овие прашања со Бугарија не преговараме, тогаш каков консензус повеќе од тоа ни е потребно. Зошто преговорите меѓу две држави треба да ги водиме јавно во Собрание?“, рече Шилегов во врска со барањата на опозицијата за отворање на спорот со Бугарија во Парламентот и барањето за лидерска средба по ова прашање.

Според него, ако имате јасна позиција на главните луѓе во процесот за преговори, тогаш не ни треба декларација.

– Бугарите сметаат дека на 13-ти Ноември ние сме славеле нешто поврзано со Тито. Тие сакаат да го премолчиме делот во историјата каде што е јасно дека царска Бугарија за време на Втората светска војна била соработник на нацистичка Германија. Тоа за мене е непринципиелна позиција, посочи Шилегов

Според него, позициите што си ги постави Бугарија се неприменливи и надвор од сите рамки на меѓународното право.

– Во изминатите денови во Бугарија се искажуваа позиции кои се исклучиво навредливи за македонскиот народ. Ослободувањето на Скопје е круна на борбата на македонскиот народ за своја самостојна држава. Нелигитимно е тие на свој начин да наметнат сила на другата страна. Ниеден Бугарин нема право да наметне нешто на Македонија, додаде Шилегов.
Next Post

Шилегов: Во изминатите денови во Бугарија се искажуваа позиции кои се исклучиво навредливи за македонскиот народ

Најново

Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

Во Хрватска ќе се гради дата центар за вештачка интелигенција вреден 50 милијарди евра

April 28, 2026

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk