ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калеска-Ванчева: Барањето за широка Влада е политички аматеризам, Мицкоски е несериозен политичар

November 21, 2020 18:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Уставниот суд одлучи дека повлекувањето на аболицијата на претседателот Иванов е уставно и законско затоа што на граѓаните не смее да им се скрати правото за повлекување на аболицијата ако сметаат дека невиноста можат да ја докажат во судска постапка.

Со ова падна во вода обидот на ВМРО-ДПМНЕ преку Ѓорге Иванов да ги спаси криминалците во сопствените редови. За потсетување, во 2016 година Иванов во обид да ги спаси криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги аболицираше сите обвинети во предметите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа под притисок на граѓаните и Шарената револција одлучи, аболицијата да ја повлече“, изјави на денешната прес конференција Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка во Собранието и  координаторка на Форум на жени на СДСМ.

„Токму повлекувањето на аболицијата и нејзината уставност, беше сламката на спас на обвинети, но и осудени лица од предмети на СЈО.

Со одлуката на Уставниот суд, пропадна и последниот обид на обвинетите лица, да се амнестираат од одговорност. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно не успеаја да го одбранат криминалот во опозициската партија. Сега, предметите подигнати и водени од СЈО треба да добијат правна разрешница, низ ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта.

Со носењето на Законот за Јавно обвинителство, за кој ВМРО-ДПМНЕ правеше се за да не се донесе, предметите на СЈО сега се во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сега се гледа зошто ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, со сите сили се обидуваше да го закочи носењето на овој закон, важен за правната држава, важен за реформскиот процес. Затоа што се против правдата, затоа што се на страната на криминалот“, изјави Калеска-Ванчева.

На новинарско прашање за најавите за формирање коалиција ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и предлогот за формирање на експертска Влада, Калеска-Ванчева рече декае политички аматеризам кога во ситуација на потреба од сите капацитети да се во функција на борба против сериозна пандемија да се изјавува и да се бара нешто што за неа епокажување неодговорност.

„Бара предвремени избори а бега од предвремените избори во Штип. Ваквите изјави на Мицкоски всушност не доликуваат ниту на политичка дебата и веќе нема никакво ниво, ниту би рекла здрава логика да се дискутира било каков предлог кој што најчесто не опстојува ниту во текот на 24 часа. Ова може да се каже дека е само уште едно блефирање и наместо тоа, Мицкоски треба да одговори што им кажал на Африм Гаши и Зијадин Села . Дали ќе го поништуваат Договорот од Преспа, дали тоа им го кажал? Им даде ли алтернативи за членството во НАТО? Дали им предложи идеолошкото обединување да го најдат во одбивањето да се даде поддршка на Законот за јазици? Му раскажа ли на Села што бараше на 27 април во Собранието? Тоа се тие прашања кои што мислам дека треба најпрво да ги продискутира со Африм Гаши и со Зијадин Села“, одговори Калеска-Ванчева.

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Мета: Бигорски е едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk