„Уставниот суд одлучи дека повлекувањето на аболицијата на претседателот Иванов е уставно и законско затоа што на граѓаните не смее да им се скрати правото за повлекување на аболицијата ако сметаат дека невиноста можат да ја докажат во судска постапка.
Со ова падна во вода обидот на ВМРО-ДПМНЕ преку Ѓорге Иванов да ги спаси криминалците во сопствените редови. За потсетување, во 2016 година Иванов во обид да ги спаси криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги аболицираше сите обвинети во предметите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа под притисок на граѓаните и Шарената револција одлучи, аболицијата да ја повлече“, изјави на денешната прес конференција Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка во Собранието и координаторка на Форум на жени на СДСМ.
„Токму повлекувањето на аболицијата и нејзината уставност, беше сламката на спас на обвинети, но и осудени лица од предмети на СЈО.
Со одлуката на Уставниот суд, пропадна и последниот обид на обвинетите лица, да се амнестираат од одговорност. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно не успеаја да го одбранат криминалот во опозициската партија. Сега, предметите подигнати и водени од СЈО треба да добијат правна разрешница, низ ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта.
Со носењето на Законот за Јавно обвинителство, за кој ВМРО-ДПМНЕ правеше се за да не се донесе, предметите на СЈО сега се во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Сега се гледа зошто ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, со сите сили се обидуваше да го закочи носењето на овој закон, важен за правната држава, важен за реформскиот процес. Затоа што се против правдата, затоа што се на страната на криминалот“, изјави Калеска-Ванчева.
На новинарско прашање за најавите за формирање коалиција ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и предлогот за формирање на експертска Влада, Калеска-Ванчева рече декае политички аматеризам кога во ситуација на потреба од сите капацитети да се во функција на борба против сериозна пандемија да се изјавува и да се бара нешто што за неа епокажување неодговорност.
„Бара предвремени избори а бега од предвремените избори во Штип. Ваквите изјави на Мицкоски всушност не доликуваат ниту на политичка дебата и веќе нема никакво ниво, ниту би рекла здрава логика да се дискутира било каков предлог кој што најчесто не опстојува ниту во текот на 24 часа. Ова може да се каже дека е само уште едно блефирање и наместо тоа, Мицкоски треба да одговори што им кажал на Африм Гаши и Зијадин Села . Дали ќе го поништуваат Договорот од Преспа, дали тоа им го кажал? Им даде ли алтернативи за членството во НАТО? Дали им предложи идеолошкото обединување да го најдат во одбивањето да се даде поддршка на Законот за јазици? Му раскажа ли на Села што бараше на 27 април во Собранието? Тоа се тие прашања кои што мислам дека треба најпрво да ги продискутира со Африм Гаши и со Зијадин Села“, одговори Калеска-Ванчева.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА