ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски правел „шлагворд“ тактика, Таравари не бил многу среќен

November 23, 2020 11:19
in ZOOM IN, АХА!, ДЕНЕС

пишува: РИБАРО

Вчера, во белата палата на вмровците неколку блиски луѓе на Мицкоски биле сведоци на непријатен телефонски разговор на Арбен Таравари со Христијан Мицкоски.

Имено, како што јавуваат изворите на АХА од белата палата, Таравари му се јавил на Мицкоски и го прашал зошто ВМРО-ДПМНЕ нема излезено со официјална честитка за Денот на албанската азбука.

Таравари: Ало, Христијане, фала ти за честитката за празникот, не си морал толку да се трудиш?

Мицкоски: Ааа… нема проблем, како така, па нели од сега наши ќе сме.

Таравари: Како ќе сме наши Христијане?! Арно ќе беше да го честитавте, ама еве отиде денот, ама од вас ни ал ни абер. Ми се јавуваат луѓе од партија и ми велат – А, бе Арбен, шо е работава со идниов коалиционен ни партнер, едно обично почитување на празник не сака да проследи, а ти ни го фалиш, као се извинил шо го испотепаа Зијадин, као се реформирале…

Мицкоски: А, не не сме заборавиле, тоа е планирано за после пладне намерно откако ќе се испукаат сите со честитки, како шлагворд, ме разбираш?

Останал Мицкоски ококоравен во очите, го тргнал телефонот за да не слуша Таравари и на секретарката и наредил – под итно спреми соопштение со честитка за Денот на албанската азбука.

Таравари: Каков шлагворд црни Христијане, 5 часот попладне е, гледаш ли другиве како тоа го направија, што сте вие, забавно-рекреативна иницијатива, или сериозна партија?

Мицкоски: Серизна партија, се разбира. Ама да не претеруваме сега. А и ти Арбен кога ми го спушти и ме накодоши дека јавно сум се извинил за 27 април. Како јавно кога нели ти текнува едвај промрморив од што ми беше срам да го гледам Села во очи. А и за Законот за употреба на јазиците што ми го потпикна и со тоа, а знаеш дека цела кампања наша беше на тоа дека Заев ја распродаде државата на Албанците, а ние не ја даваме…

Таравари: Христијан бе, ти апла загревотка си бил, се слушаш ли како кукумљакаш? Како вака со вас?! Пуштајте тоа честитката!

Му треснал слушалка Таравари на Мицкоски, а овој останал подзинат. Мицкоски и се пуштил со висок тон на недолжната секретарката – Не ме гледај, спремај соопштение со честитка. Види таму ако може да се смени времето на објава направете така да биде пред честитката на Заев.

Изворот на АХА, известуваат дека блиските луѓе што биле сведоци на ова, си ги поткасале усните, ја свиле опашката и полека ја напуштиле белата палата.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

 

Next Post

Спасовски: Со пожртвуваноста на медицинските работници од денеска се вратив на работа во МВР

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk