Денеска е мој прв работен ден во МВР после тешката битка со Ковид 19. Оваа битка е животно искуство, но со голема поддршка на лекарите, на семејството на пријателите не помислував на ништо на друго освен позитивно, да се вратам на работа и да продолжам да им служам на граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски.
АХА од РИБАРО – Мицкоски правел „шлагворд“ тактика, Таравари не бил многу среќен.
ФРОНТ:
- Собранието да работи „онлајн“ за системот да не отиде „офлајн“, пишува: Бранислав Ѓорѓевски. Време е ВМРО-ДПМНЕ да покаже трунка одговорност пред институциите и пред граѓаните и да ги поддржи овие промени.
- Белешки за очекуваното вето на Бугарија против С. Македонија. Сашо Орданоски го пренесува текстот на д-р Станимир Панајотов од Софија, кој е постдокторант во Центарот за академски истражувања во Софија.
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните, соопштуваат од СДСМ.
Агенцијата за лекови одобри увозот на антивирусниот лек Фавипиравир. Медикаментот кој се повеќе го бараат болните од ковид, во земјава треба да пристигне од денес.
И приватните болници на помош за ковид-19. Старата гинеколошка болница на „Систина“, поранешна „Мала богородица“, ќе биде пренаменета во инфективно одделение каде ќе може да се лекуваат 100 пациенти. Лекувањето ќе биде бесплатно, на трошок на државата.
Ј. Ѓ.