ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју со Димитрова, режисерката на „Каменот“: Во ова време, во секоја претстава треба да игра барем по еден невработен актер

Во интервјуто за ФРОНТЛАЈН младата режисерка Димитрова говори за своите почетоци, за нејзиниот режисерски опус, за процесот и припремите за претставата „Каменот“. Таа посебно внимание обрнува на тоа во каков амбиент сега се работи, а ја нагласува и потребата од солидарност со невработените актери и актерки кои во вакви усови треба и мора да добиваат улоги во театрите.

November 24, 2020 17:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставата „Каменот“ се занимава со она што претставувало предизвик за многу драматурзи, режисери, писатели и уметници во повоениот период: како се чувствуваат нашите предци денес во нас самите? Оваа претстава нуди еден увид во желбата за дознавање на вистината, но без самоповредување, односно без оштетување на позитивната самоперцепција. Мариус фон Мајенбург се занимава со сложеното прашање на одговорност во контраст со идејата за вина, изјавува режисерката Кристина Димитрова за престојната премиера на претставата „Каменот“ на сцената од прилепскиот театар.

Во интервјуто за ФРОНТЛАЈН.мк младата режисерка Димитрова говори за своите почетоци и за процесот и припремите за претставата „Каменот“. Таа посебно внимание обрнува на тоа во каков амбиент сега се работи, а ја нагласува и потребата за солидарност со невработените актери и актерки кои во вакви услови треба и мора да добиваат улоги во театрите.

Кристина Димитрова, е режисерка која има дипломирано со претставата „ЉубоФ“ на Мари Шизгал на Факултет за драмски уметности во Скопје во 2013 година во класата на Слободан Унковски и Златко Славенски.

Кристина Димитрова, режисерка.

Во 2015 година се вработува како театарски режисер во „Центар за култура Марко Цепенков“ во Прилеп. Нејзините професионални ангажмани почнуваат со претставата „Обѕрни се во гнев“ (2016) на Џон Озборн во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претставата ги добива наградите: Ристо Шишков – Струмица – Награда за главна машка улога (2016), и награда за колективна актерска игра на фестивалот „Международния фестивал на камернитетеатри на НЕТА – Враца 2018“.

Во 2017 година запишува магистерски студии по театарска режија на чешки јазик, во Janáčkova akademie múzických umění (ЈАМU) во Брно, во класата на Јозеф Ковалчук, Бретислав Рихлик и Марек Хорошчак. Работи како асистент на режија во „Východočeské divadlo Pardubice “ на претставата „Злочинот на Калиб“ во режија на Б. Рихлик.

Во 2019 ја режира претставата „Антигона“ на Софокле во „Buran teatr“ во Брно, Чешка, со која и апсолвира на „Janáčkova akademie múzických umění“ во Брно. Истата година излегува со затворена премиера со претставата „Мурлин Мурло“ на Николај Кољада во „Албански театар“ – Скопје (театарот е во процес на отварање).

Фото од пробите од претставата „Каменот“

Моментално работите на претставата „Каменот“ на Мариус фон Мајенбург, во матичниот театар во Прилеп. Премиерата на претставата е закажана на 25 ноември. Што раскажува „Каменот“ и зошто токму оваа претстава од Мариус Фон Мајебург?

Кристина Димитрова: Der Stein, или Каменот е една хроника за семејството Хајзинг која го опфаќа периодот од 1935 до 1993 година. Драмата раскажува дел од германската историја, задржувајќи се на овие шеесет години поминати во семејни тајни, лаги и измами, но и во чувство на вина и одговорност. Фон Мајенбург пишува за една честа појава: семејство бега од својата вина со избегнување, ревизија и поедноставување на минатото. „Камен“ има фрагментарна структура – дејството буквално скокнува низ различни години: 1935, 1945, 1953, 1978 и 1993, а со тоа се создава необична и гротексна стварност, бидејќи гледачот сведочи за сомнежот во минатото и недоразбирањата во денешно време. Кога се открива вистината, дејството се враќа на самиот хронолошки почеток. Крајот нè остава без заклучок, но сознанието за разбирањето на семејството и неговото минато е засекогаш променето.

По повторното обединување, семејството Хајзинг се враќа во својата куќа во Дрезден во 1993 година, сметајќи ја таа куќа за своја сопстевност. Приказната започнува во 1935 година, кога истото семејство се вселува во куќата, купувајќи ја од еврејско семејство што е присилено да се исели. Шеесетина години подоцна, веќе остарената и дементна Вита, нејзина ќерка Хајдрун и петнаесет годишната внука Хана пробуваат да се вратат во старата куќа, но тоа оди тешко. Ѕидовите на оваа куќа знаат премногу магливи приказни што допрва се откриваат. Ја чувствуваме исчезнатата среќа, како и остатоците од војната, сиромаштвото, префрлањата, тешките дуели, лаги, непочитувања, лицемерие… Потребна е голема издржливост и многу компромиси за да се живее во мир.

Фото од пробите од претставата „Каменот“

Со помош на разни, добро подесени драматуршки инсталации, фон Мајенбург го истражува односот меѓу историјата и идентитетот. Неговиот деконструктивистички пристап следи на кој начин преку митот се реобмислува историјата и како митовите се претвораат во темел на приказната за идентитетот. Мајенбург ја користи структурата за да ја истакне проблематичната и збунувачка природа на паметењето и идентитетот, илустрирајќи како тие два елементи комуницираат и се мешаат меѓусебно.

Претставата „Каменот“ се занимава со она што претставувало предизвик за многу драматурзи, режисери, писатели и уметници во повоениот период: како се чувствуваат нашите предци денес во нас самите? Оваа претстава нуди еден увид во желбата за дознавање на вистината, но без самоповредување, односно без оштетување на позитивната самоперцепција. Мариус фон Мајенбург се занимава со сложеното прашање на одговорност во контраст со идејата за вина

Во претставата играат Наташа Ачански, Катерина Чакмаковска, Димитар Ѓорѓиевски,, Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчевски и Марија Димитрова.

Драматург е Лидија Митоска Ѓорѓиевска, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Розе Трајчевска, а музиката е на Томе Темелкоски, музичкиот соработник е Ана Митоска.

Фото од пробите од претставата „Каменот“

Процесот на поготовка на претставата „Каменот“ почна пред пандемијата, па како резултат на рестриктивните мерки следеше пауза, за да продолжи во октомври после повеќе од шест месеци. Како е да се работи за време на пандемија?

Кристина Димитрова: Имавме многу среќа. Бевме многу внимателни, но бевме подготвени на сите можни сценарија. Сè уште сум збунета кога треба да одговорам на ова прашање, бидејќи немам направено дистанца од процесот и пробите. Имавме убав процес, што е најважно. Истовремено бевме под стрес бидејќи нашите роднини, пријатели и соседи беа заболени од ковид. Би рекла убав процес, во чудни и страшни околности.

Фото од пробите од претставата „Каменот“

Што е тоа што прилепскиот театарски ансамбл го прави посакуван за работа за многу, пред сè млади режисери кои сакаат да експериментираат со сцената?

Кристина Димитрова: Талентираните актери. Тоа е сплет на среќни околности – толку млади таленти, професионалци, посветени безрезервно на професијата, да бидат вработени на исто место во исто време.

Во претставата „Каменот“ за прв пат работам со повеќето од актерите, со другата половина веќе се познаваме. Секако секој процес отвара некои нови светови и предизвици и ова беше едно сосема поинакво искуство од претходното.

Доволно е да се каже дека во претставата играат Наташа Ачански, Катерина Чакмаковска, Димитар Ѓорѓиевски и Јасмина Мицовска Станкоска. Толку се инспиративни, можам да зборувам за нив само во суперлативи – сите актери што беа дел од овој процес.

Секако и нашиот Илија Волчески, актерот што со години го држи репертоарот, но за жал не е вработен.

Мило ми е што во претставата играат двајца гостувачки актери, Илија Волчески и актерката Марија Димитрова која игра за прв пат во Прилепскиот театар. Во време на пандемија, треба да се дава простор и на невработените актери.

Ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам на сите актери што играат во претставата, и на целиот тим што работеше на претставата. Многу научив од сите нив.

Истовремено би додала дека во театарот се вработени и исклучително талентирани драматурзи и режисери, кои допринесуваат за развојот на Прилепскиот театар.

Фото од пробите од претставата „Каменот“

Во претставата, како што спомнавте, играат двајца гостувачки, невработени актери – Илија Волчески и Марија Димитрова и нагласивте дека во време на пандемија, треба да се дава простор и на невработените актери

Кристина Димитрова: Сметам дека во секоја претстава што ќе се прави овој критичен период треба да игра барем еден гостувачки актер, бидејќи нашите невработени колеги се најмногу зафатени од оваа криза.

Кристина Димитрова досега има режирано претстави во Прилеп, Скопје и во чешкиот град Брно. Во нејзиниот режисерски опус се впишуваат: „Каменот“ (Мариус фон Мајенбург) Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2019 „Мурлин Мурло“ (Николај Кољада) Албански театар – Скопје; 2019 „Сите извинувања“ ( Нил Лабут) БЕСТ дивадло – Брно, Чешка; 2019 „Антигона“ (Софокле) Буран театр – Брно, Чешка; 2018 „Малото ѓаволче ( „Браќа Карамазови“ инспирација) ЈАМУ – Брно; 2016 „Време / Простор / Меморија“ Еразмус проект, ЈАМУ – Брно; 2016 „Обѕрни се во гнев“ (Џон Озборн) Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2013 „ Љубооф“ (Мари Шизгал) MKЦ

Јане Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk