ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Не сме далеку од договор со Бугарија, оптимист е Заев, Шаќири – Вмро и Мицкоски отворено навиваат за ковидот, не за државата и граѓаните

November 24, 2020 12:14
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, а новина има и за проектната задача која ќе содржи истражувачки дел.

Папата Франциск не покажува разбирање за демонстрантите кои се спротивставуваат на ограничувачките мерки, особено на таа за носењето маски, додека за луѓето кои протестираа по насилната смрт на Афроамериканецот, Џорџ Флојд, кажа дека го изразиле „здравиот бес“ против расизмот.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, и оти не се разговара за отстапки, туку за решенија меѓу двете страни. Во меѓувреме и од бугарска страна омекнување на позициите – бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа мора да биде посакувано и спроведено од двете страни.

Во земјава до вчера како активни се регистрирани 20.687 случаи на заразени во Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега беа заболени 55.127 лица, се излекуваа 32.894, а починаа 1.546 лица. Како што најави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани, се очекува наскоро во земјава да пристигне лекот „Фавипиравир“, кој според светските клинички студии, дава позитивни ефекти при третман на лекување на коронавирусот.

Собраниската расправа по Предлог-буџетот за наредната година почнува од денеска во матичната Комисијата за финансирање и буџет. Согласно Деловникот на Собранието, во Комисијата може да трае до 10 работни дена, потоа со дополнување, доколку има прифатени амандмани, ќе се расправа на пленарна седница.

Со премиера на претставата „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ – копродукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат, вечер од 19 часот ќе почне 45. Млад отворен театар, кој поради пандемијата годинава ќе биде хибридно издание – онлајн-претстави и изведби во живо на сцената на Младинскиот културен центар и Универзалната сала.

Скопје и натаму со најголем број нови случаи и највисока инциденца, најзастапена возрасна група на лица над 60 години.

Вмро и Мицкоски навиваат за ковидот не за државата и системот и граѓаните и тоа го прават отворено. Затоа не може и не смее да бидат дел од некаква си влада за некаков си национален спас, затоа што нацијата сеуште не се изборила со тоа зло, а со злото да се бориш против друго зло не може, тие се едноставно на иста страна.

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска ќе биде отворена мултимедијална изложба посветена на различностите.

Деветото издание на самитот Македонија 2025 првпат ќе се одржи во хибридна/дигитална форма. Од 1 до 3 декември 2020 година преку онлајн конференциската платформа hopin.com своите знаења и искуства ќе ги споделат најдобрите имиња во бизнисот, науката и технологијата.

Може да се разбере барањето на Мицкоски за воведување полициски час. Тоа е нешто што постојано „виси во воздух“ како можност, а со оглед на депресивниот и опасен развој на настаните со ширењето на епидемијата, неговиот став по ова прашање е сосема легитимен.

Вицепремиерот зaдолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новоименуваниот словенечки амбасадор во Северна Македонија, Н.Е. Милан Предан, со кого разговараа за мерките за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот, економската соработка помеѓу двете земји и европските интеграции на нашата земја.

 Во книгата „25 факти за аерозагадувањето…“ од Владимир Карер и Бранко Прља, се презентирани 25 идеи како граѓаните можат да влијаат на тоа да се намали загадувањето…

Општина Кисела Вода во соработка со социјалното претпријатие, односно со професионалниот сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови „Нега плус“, сервис кој е основан од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Хера, ќе организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Next Post

Во Прилеп за една недела починати 18 лица и 425 нови случаи од коронавирус

НАЈНОВО

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025

ЕУ дели 40.000 бесплатни билети за патување низ Европа за 18-годишници

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk