Општина Кисела Вода во соработка со социјалното претпријатие, односно со професионалниот сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови „Нега плус“, сервис кој е основан од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Хера, ќе организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
Обуката ќе се реализира, во рамки на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домовите на жителите на општина Кисела Вода. Проектот доби поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.
По завршувањето на обуката, ќе започне да се реализира петгодишниот договор за подобрување на социјалните услуги, кој неодамна го потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Конкурсот за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, вчера беше објавен на веб страната на Општина Кисела Вода.