– Изборите во Штип на 13 Декември ќе бидат сигурни и безбедни исто како и парламентарните. Со почитување на мерките и здравствените протоколи, граѓаните ќе можат безбедно да го остварат своето право на глас. И од ДПМНЕ се свесни дека избори во Штип мора да има. Проектите кои ги ветивме на штипјани, ќе продолжиме во идните 10 месеци да ги реализираме, велат од СДСМ Штип.
„ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси на кои се подбива со несреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници. Осум месеци, граѓаните , здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму.“, стои во соопштението од СДСМ Штип