пишува: Сафит Зеќири
Суштински, суштинско, битно, да во морфологија е прилог. Битно ли е да се најде на се мана? Многу едноставно е да се рече суштински, суштинско значење е битно! Да се врти на круг и да не е суштински, суштинско, суштинска битна работа!
Да, лесно е суштината на суштински проблем да се реши што суштински ќе се реши суштинско прашање за едно од најранливите прашања за суштински демократски преговори во битни работи!
Да ја разбиеме методологијата на морфологијата или да се среди текстот.
За да се дојде до решавање на проблеми, политички, историски, треба да се седне на една маса и да се заборави на кревање на штафета или кој ќе го крева медалот на крај на првенството.
Да се седне на маса и да се најде решение како што сè има решение за сите суштински, суштинско, битни прашања како што за истите сите имаат решение и пред изборите кои веќе се многу свежи за сите нас граѓаните во Република Северна Македонија.
Да се седне на маса не за техничка влада, широка и слично, туку да се крене тонот на сите партии кои се гласни за време на кампања.
Да се најде решение како што има решение од суштинско, битни прашања за иднината на државата.
Да се седне на маса и да се стават на располагање сите ресурси за „борбата” против COVID-19. Да се помогне на државата и сите граѓани што со право сме битни за иднината на нашите млади кои чекаат ден побрзо да заврши пандемијата и да заминат за подобра иднина која е ветена, а не исполнета.
Опозицијата треба да биде голем критичар на власта со суштинско значење за битни прашања и истата да даде подршка и поттик во наоѓање излез од кризата коронавирус и односите со соседна Бугарија.