Ние сме во постојан контакт со странските инвеститори затоа што го знаеме влијанието на овие компании во домашната економија и за растот на БДП, околу 50 до 60 отсто од извозот на земјата го остваруваат токму странските компании кои работат во нашата земја. Во 31 компанија во економските зони има 14 000 врабоени, до 40 000 работници имаме во оние компании кои не се во економските зони. Се зборуваше со нив и има мерки кои што се договорени и направени со овие компании, особено околу царинските стапки, за исплата на плати за вработените, се направи и еден член во закон каде компаниите со над 2000 вработени, оти тие биле доминантни од странските инвеститори, да имаат плус бенефиции.“- изјави заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски во „Топ тема“ на Телма објаснувајќи дека кризните мерки за помош на економијата не испуштаат никого и се посветени буквално на сите економски субјекти.
Ковачевски дополни дека странските инвестиции мора да бидат моторот на македонската економија. „За технолошко – технички развој имаме предвидено 930 милиони денари во буџетот, потоа имаме 1,1 милијарди евра помош за странските и домашните фирми, имаме пари и за друг вид поддршка. Буџетот за следната година има предвидено да се поддржат и домашните и странските компании.“- рече Ковачевски.