ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Работиме на враќање на довербата во Договорот за пријателство со Бугарија

November 25, 2020 14:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека претстојниот период треба да се искористи за враќање на довербата во Договорот за пријателство меѓу Северна Македонија и Бугарија, што би овозможило одржување на меѓувладината конференција со ЕУ во декември за време на германското претседателство. Нерешавањето на ова прашање сега, според него, би оставило далекусежни последици по односите межу двете земји и врз можноста тоа да биде решено во иднина.

-Работиме сите со конкретни идеи, со конкретни предлози како да се надминат овие разлики со цел да се усогласи рамката како предуслов за одржување на правта меѓувладина конференција во декември, рече Османи на денешната прес-конференција, не сакајќи да навлегува во деталите за разговорите што се водат бидејќи, како што посочи, сè уште се во форма на идеи и предлози за кои сè уште нема согласност меѓу страните.

Недовербата, според него, е  резултат или историски рецидив од минатото, а на нејзино остранување не се работело ниту во последните 30 години на современа политичка реалност.

Прашањата, потенцира, се ставани под тепих и не се направени доволно напори за да се изгради доверба. Недовербата не е само меѓу политичарите, вели, туку и академиците историчарите …, а сето тоа се рефлектира со создавање недоверба и во јавноста. Таквата недоверба се пренесува и врз постигнатиот Договор.

Затоа решението и шансата, нагласува Османи, ја гледа во враќање на довербата во Договорот, тој е платформата и формулата за надминување на разликите.

-Република Бугарија имаше јасен став по однос на идентитетските прашања дека не ги спори и досега не сме имале појасна формулација од Бугарија дека не го спори идентитетот и јазикот на народите и граѓаните кои живеат во Република Северна Македонија. Мислам дека тоа е добра основа да се надогради на тоа целосната доверба меѓу нашите две држави, рече Османи.

Тој потенцира дека доколку не се реши ова прашање сега, тоа како што посочи на прес-конференцијата, може да има катастрофални последици по однос на односите, што далекусежно ќе влијае во можноста за решавање на разликите.

Затоа, рече министерот за надворешни работи, работиме да се искористат претстојните денови да ја вратиме довербата и да го вратиме процесот.

Next Post
ФОТО: БГНЕС

Заев за БГНЕС: Активистот од ВМРО-ДПМНЕ што го запали бугарското знаме ќе сноси одговорност, говорот на омраза мора да запре

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk