пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Заев не е најдобриот оратор што го имала Македонија. Ама, за овие што се собрале да го рушат, Заев е политичка величина.
Од 27 април и расцепените глави во Собрание, па се до овие денови кога сите плукаат по Заев, поминаа 3 и пол години. Сме имале ли во овие 30 години премиер што е толку отворено не само критикуван, туку и напаѓан, плукан па и тепан?
А каде е Македонија за овие 3 години? Од бесперспективна, ограбена и заробена држава за време на Грујо – до полноправна членка на НАТО, пред старт на преговори со ЕУ. Таму каде што не ја донесоа ни за 30 години јаките оратори, кои денес сакаат да го рушат Заев.
Тоа е тоа, пренајлепши мои. За некои работи не треба ораторство, туку орање и работа.
#SledeTene
#LiveFromTheCrystalBall