ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кошмарен дрим-тим против Заев!

November 27, 2020 09:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Се чини дека шансите на Заев политички да го преживее своето, веќе прочуено, недоквакано интервју за БГНЕС нагло пораснаа, откако на теренот на домашната политичка сцена истрча најдобрата петорка во дресот на неговите доживотно огорчени непријатели.

Во центарот на овој ол-стар тим е жизнорадосно разрипаниот Мицкоски, кому среќата неочекувано му се насмева во критичен момент за неговата проблематизирана политичка кариера. На крилните позиции за пробиви и крадење топки (а и мрежички од обрачите) се прославените сениори, аболиционистот Иванов и свежо смрзнатиот Црвенковски. Во улога на плејмејкер им е тешко подвижниот и позајмен од бугарската лига Каракачанов. А крилниот бек, кој е задолжен за чување на противничката периферија, е сè уште анонимен, но брзо ќе се објави и ќе биде хит-трансфер од редовите на самото СДСМ, како изненадувачки пик на сезоната.

Не е многу за изненадување што оваа политичка селекција со години ја тренира и финансира, а ја снабдува и со разновидна „спортска опрема“, сетики еден ист клупски поддржувач, во улога на македонски бизнис-Хичкок (памтите: неговиот лик неизбежно се појавува во речиси сите поголеми бизнис-скандали во Македонија наназад неколку децении, како што Хичкок цел живот се шеташе пред камерите во своите филмови), со својата ергела на куртизани, скапо платени пропагандисти и разни асистенти од македонското подземје. Тој и во плеј-офот на претходната сезона осмисли и финансираше еден бугарско-македонски тим за рушење на Заев, ама во судиските продолженија на финалето не издржа пред налетот на разиграните македонски евро-атлантски репрезентативци и загуби пред да стигне да го подигне победничкиот трофеј во тој меч.

Пеколната атмосфера на трибините е рамносилно поделена: вообичаено уцвилените патриоти се осоколени од моментното резултатско водство на теренот – ова се нивните долго очекувани „пет минути“ – и со развиени барјаци и раструбени вувузели френетично бараат победа на својот тим; подржувачите на тимот на вештиот за давање интервјуа Заев, пак, загрижено, но гласно навиваат „Дифенс! Дифенс!“…

Спортските обложувалници се уште воздржани пред да му дадат решавачка предност некому, а странските спортски скаути дремат зад резервните клупи, бидејќи им е здодевно, со оглед на тоа што добро ги познаваат главните играчи на паркетот (а и оние во Софија). Тие во детали ги знаат претходните тимови за кои играле сите ѕвезди на овој натпревар, а тактиките им се одамна апсолвирани и многу пати регионално проверени.

* * *

Заев, конечно, го достигна зенитот на својата политичка кариера. Не е лесно да обединиш против себе една менажерија на актуелни и бивши политички ликови на кои самиот им пружи извонредна прилика за класична политичка „сачекуша“: некои од нив не би се ни помирисале меѓусебно, да не е студената одмазда што сакаат да му ја послужат на Заев. Но, нивниот проблем е што самото нивно обединување го прави „случајот на Заев“ посилен. Одиумот во македонската јавност предизвикан од интервјуто на Заев за БГНЕС, сега доби баланс во збирниот одиум што одамна постои кон поединечните ликови на оваа квазимодо составена анти-Заевска коалиција.

Заев невешто и под притисок на нешто да мрдне во македонската грда реалност со која тој е легитимно овластен (а можеби и казнет) да раководи, се обидува да ги олабави „стегите“ на нашите национални митови и здодевните идентитетски самозадоволства, ризикувајќи ја својата политичка кариера, со влог за европска иднина, пред гневот на македонската општествено-политичка паланка.

Овие другиве се македонската општествено-политичка паланка.

Пред десетина дена на ова место напишав:

„Перфектна бура“ се исцртува на хоризонтот. Зимата доаѓа, после есента на нашето незадоволство. Којотите, изгладнети, ќе почнат да завиваат сè поблиску… Којотите од завивање, наскоро ќе почнат и да гризат.

Загризаа. И решени се жив да го изедат.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Претреси во Делчево, откриена група што фалсификувала пари

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk