Најавените коалициони партнери Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ, уште не стапнати на сцена заедно, почнаа да си забиваат ножеви во грб. Пред неколку денови кога Таравари и Алијансата за Албанците јавно обзнанија дека имаат намера да коалицираат со партијата на Мицкоски, во обид да открие дека Мицкоски се сменил, а тоа да го прикаже во позитивен контекст, Таравари рече дека Мицкоски јавно се извинил за 27 април и тепањето на Зијадин Села. Сега Мицкоски, го демантира Таравари и вели дека му е жал за Села, но не се извинува за 27 април.
Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, на прашањето дали му се извинил на Села, истакна дека жалел за случајот, но не чувствувал потреба да се извини.
„Жалам, навистина жалам и би сакал да можам како човек да го вратам тоа време да не се случи тоа, но ете се случи тоа, жалам што тоа му се случи и би сакал веќе никому тоа да не му се случи“, рече Мицкоски
На потпрашањето: Да прецизираме – жалите, но не се извинивте, Мицкоски вели: ас не можам да се извинувам за нешто за што не сум причина да се случи нештото.
Кој на кого му ја руши целата кампања и сака да прикаже дека помеѓу најавените коалициони партнери има место за договор, Мицкоски на Таравари или Таравари на Мицкоски?
Со овој демант од Мицкоски кон Таравари, може да се заклучи дека пропаднати се сите обиди да успеат да се фатат за нешто суштинско за да имаат основа за коалицирање.
Ј. Ѓорѓиоски