ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шахпаска: Грижата за сите значи еднакви можности и услови за сите граѓани, социјалната реформа дава резултати

November 27, 2020 17:26
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Центарот за социјална работа и Дневниот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Штип.

„Денеска го посетивме Дневниот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Штип, каде што лицата со попреченост доаѓаат на дневно ниво и ги користат услугите како дел од децентрализација на социјалните услуги на локално ниво, онаму каде што живеат граѓаните. Согласно протоколите бројот на корисници е помал, а вработените строго се придржуваат на мерките, со цел обезбедување на безбеден престој на корисниците кои и во услови на КОВИД им се неопходни на оваа категорија на граѓани“, истакна Шахпаска.

Од страна на директорката на Центарот за социјална работа беше посочено дека и во време на пандемија од КОВИД 19, Центарот работи непречено со странките и активно работи на подобрување на квалитетот на услугите, јакнење на капацитетот на семејствата преку интегрирано водење на случај со што се постигнува  олеснето следење на домаќинството низ системот на социјална заштита од стручен работник, водител на случај.

Министерката Шахпаска посочи дека и во услови на пандемија грижата за најранливата категорија на граѓани продолжува, во таа насока е и  олеснетиот пристап до Гарантирана минимална помош, како парично право кое е од големо значење особено за оние на кои им е потребна помош и поддршка.

„Ние сме социјална држава и согласно концептот „Еднакво општество за сите“ , треба да дадеме услови и еднакви можности за сите граѓани, и на еднакви основи сите учествуваат во јавниот, општествениот живот“, истакна Шахпаска.

Под ингеренции на Центарот за социјални работи од Штип, покрај овој Дневен центар е и Дневниот  центар за лица со аутизам, каде услугата ја користат 7 деца, на возраст од 10 до 18 години, со кои работи стручен тим .

Центарот располага и со Советувалиште за жртви на семејно насилство Кризен центар за жртви од семејно насилство 24/48 , чија цел е обезбедување на жртвата сигурност, безбедност и заштита.

Next Post

АЕК распиша тендер за научна студија за влијанието на 4Г и 5Г мрежите врз здравјето и околината

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk